Ознака: пониква
СНЕГ НА ПОНИКВА, БЕЛАТА ПОКРИВКА ОКОЛУ 15 САНТИМЕТРИ
Во моментот вака изгледа Пониква. Како што ни јавуваат снегот кој преку целата ноќ паѓаше веќе има формирано дебела снежна покривка која изнесува околу 15 сантиметри. Како што не информираат Пониква е спремна, ски лифтовитем се спремни, другите ресурски исто така и што е најважно со дислокација на контејнерите смет нема. Убава вест за љубителите…
ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ НА ПОНИКВА – КОНТЕЈНЕРИТЕ ДИСЛОЦИРАНИ
Службите на КЈП „Водовод“ и на Општина Кочани денеска реализираа акција за чистење на планинскиот локалитет Пониква. Акцијата опфати расчистување на отпадот на потегот од одморалиштето на МВР до локалитетот Аеродром. Во договор меѓу сопствениците на угостителските и ресторанските објекти, сопствениците на викендички и градоначалникот Владко Грозданов, комуналните служби ги дислоцираа контејнерите. Целта, според градоначалникот,…
ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ НА ПОНИКВА
Со помош на механизација, денеска беше отстранет комуналниот отпад насобран околу контејнерите поставени на Пониква, на Осоговските Планини. Вработени од КЈП „Водовод“ ги исчистија загадените површини на паркингот кај одморалиштето, кај манастирот „Св. Василиј Велики“ и во месноста Аеродром. Комуналните служби продолжуваат со интензивни активности и во градското подрачје и во населени места од општина…
ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ ВАКА НЕ СЕ РАЗВИВА
Повеќе од половина век се размислува како на Пониква да се развие „Планинскиот туризам“. Со ова што денес го имаме како фотографии тешко дека таков некаков развој некогаш и ќе дојде. Коњи, крави, кучиња скитници на сите страни. Влегуваат во приватните поседи, го разнесуваат сметот, згора на се на самиот паркинг и пат му сервираат…
УЧЕНИЦИ ОД КРИЖЕВЦИ ЗИМУВААТ НА ПОНИКВА
Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква. Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои…
ЗАТРУПАНА СО СМЕТ „ПОНИКВА“ ГИ ПРЕЧЕКА ДЕНЕШНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ
Огреана со јануарското сонце и затрупана со смет, денес Пониква најавувана како туристичка дестинација ги пречека посетителите. А тие љубители на природата и на зимскиот туризам имаа што да видат. Уште на паркингот на Пониква купишта смет кој кучињата скитници го разнеле на сите страни. Посетителите кои ни ги испратија фотографиите како под договор кратко…
ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ПОНИКВА БАРААТ ДА СЕ СОБЕРЕ НАСОБРАНИОТ СМЕТ
Првиот снег што падна денес на „Пониква“ привлече неколкумина наши сограѓани да излезат на воздух, да се прошетаат по снегот и да уживаат малку во поубави нешта од оние што некој им ги сервира веќе подолг период. Иако задоволни од првиот снег кој како што истакнаа падна на време сепак се згрозени од сметот кој…
ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПОНИКВА
Од утринава Пониква е покриена со снежна бела покривка што дава една посебна убавина. Инаку денес точно на пладне измерени се 8 сантиметри снег кој и понатака ситно си паѓа. Според прогнозите се очекува дека годинава ќе има повеќе снег од минатите години. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
СЕ ОБНОВУВА ОШТЕТЕНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПОНИКВА
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква….
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДБА НА НОВОПРОЕКТИРАНА УЛИЦА НА ПОНИКВА
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за изведба на новопроектирана улица со должина од 340 м, во СРЦ „Пониква“. Потпишувањето на договорот е по спроведена јавна набавка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, а за изведувач е избран „Дикор ЦД“ од Струмица. Реализацијата е со средства за планските региони обезбедени…
