Ознака: сдсм
ОДГОВОР ОД ОО СДСМ КОЧАНИ НА РЕАКЦИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Почитуван, Ни објаснувате за проекти кои ние ги создававме од идеја до основен проект, од избор на изведувач до оперативно започнување со работа. Ни објаснувате за проекти за кои макотрпно баравме финансии за да станат реалност како што се денес. Не само овие три проекти, сите останати дваесет и три кои ги наследивте од претходното…
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ
МИЦКОВСКИ И ПАПАЗОВ ВО ПОСЕТА НА КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА СДСМ И НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ Почитувани, Претседателот на ДПМНЕ, Мицковски, кој пред два месеца жестоко критикуваше се што работеше тогашната локална власт, вчера (патувајќи по завршницата на брзиот автопат, направен од Централната власт и СДСМ), дојде во Кочани, за да ги поздрави и да го закити сегашниот…
8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ НАМЕНЕТИ ЗА КАМПАЊАТА НА ПАПАЗОВ?
Дали со 8-те милиони исплатени за камати за превоз од 2012 до 2017 година се финансираше кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов! На втората седница на Советот на Општина Кочани, советниците фатени во магла и непознавање, изгласаа контроверзна одлука со која овозможија на превозникот Авто Атом да му се исплатат 8 милиони денари по основ камата…
ОО СДСМ – КОЧАНИ: РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ОБЈАВЕНО НА 19.11.2021 ГОДИНА
СДСМ секогаш се одлучувала во интерес на ранливите категории низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите. За секое прекршување на законот, следуваа преземења на соодветни мерки. Искажаните сомнежи единствено може да ги демантираме преку факти, затоа јавно ги повикуваме надлежните институции да испитаат колку дивоградби се изградени во периодот од 2009-2017, а…
ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ
ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ Почитувани, Опозицијата СДС, откако ја изгуби власта започна со хистерични реакции и небулози, кои допираат далеку од фактичката состојба и реалност. Исто така опозицијата го злоупотребува името на ВМРО – ДПМНЕ како општинска организација, за да креира лажна слика за промените и проектите кои допрва доаѓаат….
ВТОР „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРЕДВОДЕНА ОД ДПМНЕ
Почитувани сограѓани, Изминативе четири години постојано се движевме во насока на подобрување на нашата општина од секаков аспект и во секоја сфера. За жал, не секој дејствува за доброто на сите и не секој го става заедничкиот интерес над личниот. Вчера, со одлука од градежната инспекција, поради отсуство на одобрение за градба – беше затворен…
17 НОЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТУДЕНТИТЕ
Почитувани, Денес е 17-ти ноември, Меѓународниот ден на студентите. Низ целиот свет се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на трагедијата која се случила токму денес во 1939 година кога нацистите погубиле 20 чехословачки студенти при протестите против окупацијата. Повеќе од 1200 студенти биле одведени во концентрациони логори, биле стрелани 9…
ДАЛИ ПРВИОТ „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ Е ИСПЛАТА НА КАМАТА ВО ИЗНОС ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА АВТО АТОМ ЗА ИЗВРШНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПЕРИОД 2012-2017 ГОДИНА?
Почитувани сограѓани, Денес сме сведоци на првиот „Капитален проект“ на новото раководство на Општината. На крајно безобразен и бесрамен начин, со ребалансот на буџетот на Општина Кочани се вметнуваат 8 милиони денари за исплата на камата по извршни решенија за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година на превозникот Авто Атом и…
СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ
ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ Почитувани, Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја…
СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ КОНТРА РЕАКЦИЈАТА И ДЕМАНТОТ НА МИЛЕ ЛЕФКОВ
Почитуван пратеник Миле Лефков, Ве молиме објаснете како за иста услуга ваш тендер, со ваше име се наплатувал 120 денари, а сега истиот се наплаќа за само 40 денари. Објаснете и како вашиот кандидат за градоначалник Љупчо Папазов, за кого мислите дека граѓаните заборавиле, во неговото директорување набавувал цемент по цена од 600 денари, а…