Ознака: водовод
УРЕДУВАЊЕ НА ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
Во корелација со Општина Кочани, КЈП „Водовод“ со неговата оператива од Секторот градско зеленило интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот според предвидениот план и програма. Денес се коси трева на просторот во централното градско подрачје. Вработени од Секторот градско зеленило интензивно работат на уредување на речното корито и тревните површини околу…
КЈП „ВОДОВОД“ – ДИСЛОКАЦИЈА НА ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД
Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности, вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот цевковод со дијаметар од 250 mm. Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе…
ПРОДОЛЖУВААТ МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЦЕЛОСНО ГАСНЕЊЕ НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА
Пожарот кој пред извесно време избувна на градската депонијата во Кочани е ставен целосно под контрола. Меѓутоа депонијата која деновиве константно чадеше, претставува сериозен повеќе децениски проблем како за населението, така и за службите кои се борат со нејзиното гасење и смирување. Имено, гасењето одеше во отежнати услови, бидејќи во депонијата се наоѓа метан во…
КЈП „ВОДОВОД“ – ПОСТАВЕН ДЛАБИНСКИ ПУМПЕН АГРЕГАТ
Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат. Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен…
ИСЧИСТЕНА ОКОЛИНАТА НА СПОМЕН-ДОМОТ „АСНОМ“
Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВРШЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ЗАМЕНА НА ПОТОПНА ПУМПА
Почитувани, Во текот на претходната седмица стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани утврдија технички проблем поради откажување на електромотор на една од потопните пумпи во бунарско лежиште “Грдовски Орман”. За време на викендот беа направени подготвителни работи, за денес да отпочне процесот на вадење на песок и друг поситен материјал од влезната комора на ПЦОВ…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: И З В Е С Т У В А Њ Е
Врз основа на член 76 став (1) од Законот за минерални суровини (Службен Весник на Република Македонија бр. 136/12,25/13,93/13,44/14,160/14,129/15,39/16,53/16,120/16,189/16и 7/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 28 јануари 2020 година донесе Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за…
И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат сите корисници на комунални услуги – физички лица кои имаат долг за извршени, а неплатени услуги, дека врз основа на Одлука донесена од Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани бр. 02-458/5 од ден 23.12.2022 година, СЕ ОДОБРУВА да го платат заостанатиот долг (тужен, извршен, редовен) без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат веднаш…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
Почитувани Корисници, Во рамките на проектот Пречистителна станица за отпадни води во Кочани финансиран со донација од Владата на Швајцарската конфедерација, како една од обврските на КЈП Водовод – Кочани, е годишно ажурирање на базата на корисници во делот на локации (индивидуални или станбени објекти) на кои не се живее (сопственикот со семејството живее во…
РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ
Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како…