ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, НОВ ПОРАЗ НА „ОСОГОВО“

мај 7, 2023
1 min read

Се одиграа натпреварите од 21-то, претпоследно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Шампионот и учесникот во бараж натпреварите за влез во втората фудбалска лига „Осогово“ со нов пораз на гостувања. Денес во Богданци„жетварите“ го претрпеа и вториот пораз од трите последни гостувања. Според извештаите „Осогово“ настапило со шест млади играчи кои добро ја извршиле својата задача. Домаќините постигнале еден погодок од речиси единствениот шут кон голот. За разлика од нив гостите од Кочани иако создале повеќе шанси за гол мрежата на домаќините ниту еднаш не се занишала.

Академците од Чешиново-Облешево со добра и ефикасна игра ги растурија „рибарите“ во Дојран и некако се извадија за лошиот резултат во претходното коло на домашен терен кога беа торпедирани од „Малеш“.

Сите преостанати три средби завршија без победник.ж

Резултати од 21-то коло:

„Вардарски“ – „Осогово“  1:0

„Спартмани“ – „Брегалница сениори“  1:1

„Дојранско Езеро“ – „Академија Чешинови-Облешево“  2:7

„Малеш“ – „Овче Поле“  2:2

„Тиверија“ – „Карбинци“  2:2

Екипата на „Рудар“ беше слободна во ова коло.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ