ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО

ноември 18, 2022
1 min read

Во Недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 11-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток по што ќе се спушти завесата на есенскиот дел од сезоната.

Лидерот на табелата воедно и есенскиот Шампион „Осогово“ е пред тешко гостување во Струмица, а домаќин ќе и биде мошне добрата екипа на „Тиверија“

Академците од Чешиново патуваат во Градско балдовце, а „Овче Поле“ во Дојран.

Во Берово „Малеш“ ги пречекува рударите од Пробиштип.

Двојки за 11-тото коло:

„Тиверија“ – „Осогово“

„Вардарски“ – „Брегалница“ (Д)

„Победа“ (В) – „карбинци“

„Малеш“ – „Рудар“

„Дојранско Езеро“ – „Овче Поле“

„Спартмани“ – „Академија Чешиново-Облешево“

С. Ивановски