Во предвечерјето на овој викенд со пригодна забава првото поголемо кафуле отворено во Градскиот Трговски Центар во Кочани, „Piccadilly“ го прослави својот 30-ти роденден.
Да опстанеш триесет години на овие простори во овие бурни времиња е гаранција за квалитетно работење.
Клиентелата на „ Piccadilly “ која е постојано овде со голем респект зборува за квалитетната услуга, но и за историјата на кафулето, за тоа колкумина другари го формирале, а колкумина останале.
Но како и да е триесет години не е бројка за потценување, триесет години е бројка за респект.
Им посакуваме на сопствениците да го задржат квалитетот и да продолжат така да работат и во наредните години.
Честит јубилеј „ Piccadilly “.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ