УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД КОЧАНИ , ГИ ВООДУШЕВИЈА ПРИСУТНИТЕ НА ГОДИНЕШНИОТ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ ВО СТРАЗБУР

ноември 20, 2023
1 min read

Денес во Кочани општинските медиуми имаа чест да се дружат со средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ кои изминатите  денови беа вистинските амбасадори и на Република Македонија и на Општина Кочани на Европскиот парламент што се одржа во Стразбур.

Да потсетиме во текот на изминатата седмица 24 ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани предводени од професорот Александар Михајлов учествуваа на годинешната еднонеделна сесија од програмата „Euroscola“ која се одржа во Европскиот парламент во Стразбур.

Иако на оваа сесија имаат право да учествуваат само ученици од земјите членки на Европската Унија, сепак со големи залагања и постојани контакти на професорот Александар Михајлов, учениците од Кочани заминаа и учествуваа во работата на годинешната сесија која беше под мотото „Од енергетска криза кон одржлива иднина, мерки на ЕУ против климатските промени“.

Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ се воодушевени од престојот во Стразбур, но како што истакнаа и домаќините, организаторите на сесијата биле воодушевени од нивните излагања.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ