ВАКА ЛИ САКАМЕ ВО ЕВРОПА? ДАЈ БИДЕТЕ СЕРИОЗНИ

јули 28, 2022
1 min read

Кочани, ден Четврток, пазарен ден во „градот на оризот3, две фотографии ни пристигнаа од Градскиот плоштад во Кочани од наш редовен читател.

„Вака ли сакаме во Европа, каква Европа дај бидете сериозни, со кого мислете дека таму ќе одиме, со ваквите навики? Еве ви две фотографии нека ги видат вашите читатели. Пазарен ден е и полицијата поставила возило за да го регулира сообраќајот, а кој сообраќај да регулира само тие си знаат, дозволиле или пак не гледаат иако од нив е на 2-3 метри дека на пешачките премини има еден товар возила паркирани. И наместо тие да го регулираат сообраќајот тие дозволиле сообраќаен метеж да се направи за да се паркираат неколку возила каде треба народот да има слободно движење. Вака ли се оди во Европа? Оф мори мајко“ стои во дописот кој со фотографиите пред малку ни пристигнаа.

С.  Ивановски