Последни вести

ПРОТОКОЛИТЕ НА МВР ЈА ГАРАНТИРААТ БЕЗБЕДНОСТА НА УЧИЛИШТАТА

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи. Апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на…

СТИПЕНДИСТИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023/24 ГОДИНА ГИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТИПЕНДИИТЕ

Студентите што ги исполнија условите за добивање општинска стипендија за студиската 2023/24 г., денеска ги потпишаа договорите за користење на стипендијата. На настанот организиран од Одделението за јавни дејности, ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака успех во студирањето и ја изрази подготвеноста на Општината за натамошна поддршка во образованието на…

КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

По одлука на Советот на Општина Кочани, денеска е конституиран Локалниот совет за превенција во Општина Кочани. Целта на Локалниот совет за превенција е формирање заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Кочани, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на…

УТРЕ (САБОТА) ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО АИКИ ДЕМО И СЕМИНАР ВО РЕАЛНО АИКИДО

Во организација на КРА „Нико“ од Кочани и АМФРА Македонија утре (Сабота) во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани ќе се одржи Државен натпревар во аики демо и семинар во реално аикидо. Настаните се по повод 10 години постоење од КРА „Нико“ од Кочан, а почетокот е закажан за во 11:00 часот кога започнува…

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КОЧАНИ И КЈП „ВОДОВОД“ ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА

Од 4 до 6 декември, делегација од Општина Кочани и КЈП „Водовод“ учествуваше во проектот за локална размена помеѓу Германија и Македонија, кој се спроведува од Сервисната агенција – општини во еден свет, како организациска членка на Engagement Global. Посетата претставуваше стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта…

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „РАДОСТА НА ПОСТОЕЊЕТО“ ОД АВТОРОТ СИМОНА ПЕТРЕСКА

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани а со поддршка на Ротари клуб Кочани-Виница во вечерните часови на вчерашниот ден во салата на катот во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани беше промовирама книгата  „Радоста на постоењето“ од авторката Симона Петреска – мотиватор и животен тренер.   Самата најава за промоцијата на книгата побуди голем интерес…

ОБУКА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА ЗЕЛЕНО И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ПРОИЗВОДСТВО

На темата Цели за одржлив развој и циркуларна економија, Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Националната платформа за женско претприемништво одржа работилница во Кочани за градење на капацитетите на жените претприемачки. Дваесетина жени од различни сектори од Кочани, Виница и Зрновци имаа можност да се запознаат со начините како целите за одржлив…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Физичките лица, корисници на услугите на КЈП “Водовод” Кочани кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен, извршен и редовен) може да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно долгот од 15.12.2023 година до 31.03.2024 година. КЈП Водовод – Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ЗГ „ЗА НАШЕ КОЧАНИ“ СО РЕАКЦИЈА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА СОБРАНИТЕ 3000 ПОТПИСИ ОД ГРАЃАНИТЕ

Од: Здружение на граѓани „За наше Кочани“ До: Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани Советници на Совет на Општина Кочани Директори на основните и средните училиишта во Општина Кочани БАРАЊЕ За конечно исфрлување на родовите компоненти од Програмата за еднакви можности на жените и мажите и од образовните институции во Општина Кочани. Ова барање се…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „СТАМЕН МАНОВ“ ВО КОЧАНСКОТО РОМСКО МААЛО

Во тек е рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода – локална акција што Општина Кочани ја реализира според договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Досега е отстранет постоечкиот асфалт, демонтирани се старите рабници и теренот е тампониран. Се очекува…