Последни вести
БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“, ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА
Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, утре 6 март во 12 часот во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во соработка со Литературниот клуб ,,Копнеж” ќе се одржи традиционалното литературно читање посветено на Денот на жената. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА РАБОТНА СЕДНИЦА
Локалниот младински совет на Општина Кочани ја одржа првата седница по неговото конституирање, на која поздравно обраќање пред младите имаше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. За претседател на Локалниот младински совет едногласно беше избран Гаврил Гацов, претставник на Младинската организација „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. За заменик-претседател е избрана Анабела Коцова, претставничка…
А ЃУБРЕТО НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР КОГА ЌЕ БИДЕ ИСЧИСТЕНО?
Реакциите од граѓаните на Општина Кочани кога е во прашање собирањето на сметот не стивнуваат. Ново известување за нова локација. „Кога се фалат Директорот и Градоначалникот со акции чистење на депонии нека погледнат пред се околу нив дали е исчистено. Ова се слики од денеска од градскиот пазар. Ваквите грди слики се секојдневие овде. Насекаде…
ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ „А ОВА ЃУБРЕ КОЈ ДА ГО СОБЕРЕ?“
Само неколку минути откако ја објавивме информацијата дека Комуналните служби на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани исчистија повеќе мали депонии на неколку локации наши сограѓани ни испратија две фотографии со коментар: „Добро е што направиле акција за расчистување на мали депонии во дел од градот и околината но јавно прашуваме, кој…
РАСЧИСТЕНИ МАЛИ ДЕПОНИИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО КОЧАНИ
Комуналните служби од Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ исчистија повеќе мали депонии на неколку локации во Кочани. Со механизација на „Водовод“ отстранет е насобраниот смет под ѕидот на улицата „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Отстранети се и малите диви депонии на патот од Грдовци кон Прибачево. На паркингот пред Спортско-рекреативниот центар…
ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ, СООПШТЕНИЕ
Почитувани сограѓани, сакаме да ве известиме дека од 06.03.2025 година во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, започнуваат прегледи од специјалист по физикална, во попладневните часови односно втора смена. Како и до сега, прегледите треба да се закажуваат преку мој термин преку матичните лекари. Со ова уште еднаш докажуваме дека секогаш излегуваме во…
ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ 8-МИ МАРТ ПОСЕТЕТЕ ГО „FACE FANTASY BEAUTY SALON“
Остануваат уште неколку дена до празникот на сите мајки, на сите жени, „Меѓународниот ден на жената“ 8-ми Март. Епа мои дами, ако сакате да бидете во друштво на убавите нешта не заборавете да го посетите „Face Fantasy Beauty Salon ‘ каде со оригинални материјали ќе можете да ја добиете потребната нега за убавина. Шминка, маникир,…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПРВА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“
Денес се одиграа натпреварите од 19-тото вонредно коло во Втората фудбалска лига. Екипата на „Осогово“ на гостувањето во Радовиш ја забележа првата пролетна победа. Кочанчани заминаа на ова тешко гостување без бело знаме но и со верба во сопствените можности дека со максимално залагање можат да го изненадат фаворизираниот „Детонит Плачковица“. Во 30’ минута Паунов…
НАЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ДЕЦАТА, КНИГИТЕ И ДОБРИНАТА“
ЈОУ Библиотека „Искра“ утре, 5 март 2025 година во 13 часот, ќе ја реализира првата работилница предвидена за 2025 година, од проектот „Децата, книгите и добрината“, со координатор Ивана Атанасова. На утрешната работилница ќе учествуваат ученици од 4 одд. од ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Идејата за проектот произлегува од истражувањето спроведено од страна на…
ВО ЧЕТВРТОК КОНЦЕРТ „ЗА НАШИТЕ И ЗА СИТЕ МАЈКИ“
По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената во Четврток (06.03.2025 година) ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ќе одржи музички концерт под наслов „За нашите и за сите мајки“. Концертот со свирење и пеење посветен на сите мајки ќе се одржи во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани со почеток во 19:00 часот. Распеаните музичари…