Последни вести
ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ
Започнувајќи од денес па се до 09 Јуни оваа година, секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот траат уписите на ученици во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за учебната 2023/2024 година. Како документ за запишување во новата учебна година потребен е Извод од матична книга на родените. Наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани,…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „АКВАРЕЛИ“, ДЕЛА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ШКОЛАТА ЗА ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ „БЕЛИ МУГРИ“ ОД КОЧАНИ
Денес во Салон „Фоаје 1“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложба „Акварели“, дела на учениците од школата за цртање и сликање „Бели Мугри“ – Кочани. 36 акварели со различна тематика се изложени во „Фиаје 1“ и се достапни на љубителите на ликовната уметност од Кочани во следните две седмици, поточно до…
КЈП „ВОДОВОД“ – САНИРАН ДЕФЕКТОТ НА УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ ВО КОЧАНИ
Поради дотраеност на постоечкото црево многу често се случуваа дефекти и прекини во водоснабдувањето за околу 20 корисници на оваа улица. Со замената на ново црево со f63 од 16 бара во должина од 370 метри ќе се обезбеди непречена поквалитетна услуга за корисниците на улица “Александар Македонски” во Кочани и намалени трошоци за интервенции…
ВО ЧЕТВРТОК (11 МАЈ) – ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПЛАНИНАРСКО-СКИЈАЧКО ДРУШТВО ПОНИКВА“-
Во организација на Клубот за планинарски спортови „Москито“, на 11 мај, во 18:30 ч., во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе биде промовирана книгата „Планинарско-скијачко друштво Пониква“, од авторите Киро Герасимов и Љубинка Ајтовска. Делото е составено од четири целини кои говорат за природно-географските карактеристики на Осоговските Планини; патеките и трасверзалите низ Осоговијата; туристичките…
ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ
На 07.05.2023 околу 01.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Кочани, на крстосница „Компосара“, патничко возило „Фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(21) од с.Грдовци, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.А., констатирани во Општа болница Кочани. Увид на местото извршила екипа…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СИ ОСТАНАА НА ДНОТО
Се одиграа натпреварите од 18-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени, во кое фаворитите забележаа победи а единствено натпреварот во Струга кој и беше дерби на колото не даде победник. Во Кочани истата приказна се репризира по кој знае кој пат годинава. Кочанчанки загубија со 1:8 но ако на голот ја немаа расположената Христина…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, НОВ ПОРАЗ НА „ОСОГОВО“
Се одиграа натпреварите од 21-то, претпоследно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Шампионот и учесникот во бараж натпреварите за влез во втората фудбалска лига „Осогово“ со нов пораз на гостувања. Денес во Богданци„жетварите“ го претрпеа и вториот пораз од трите последни гостувања. Според извештаите „Осогово“ настапило со шест млади играчи кои добро ја извршиле…
ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА „ВИЛИНСКО КОЊЧЕ“
Започнаа активностите за поставување на долго очекуваниот споменик во „Паркот на Револуцијата“. Споменикот претставува метална реплика на вилинско коњче со метални крилја исполнети со витраж, висок е околу 5 метри а широк околу 3,5 метри. Во разговор со одговорните лица и донаторите, кои присуствуваат на поставувањето, дознаваме дека работите ќе траат 3 дена до целосно…
НЕИСКУСТВОТО ГО ЧИНЕШЕ МЕДАЛ МЛАДИОТ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ
Неискуството го чинеше медал младиот Даријан Павлев, кој дебитираше на едно големо натпреварување. Имено Павлев како репрезентативец на Македонија настапи на Балканското првенство У-15 и У-17 за момчиња и девојчиња кое се одржува во Серез (Грција). Павлев денес загуби во борбата за бронзениот медал само од неискуство. Имено на 20 секунди до крајот на борбата…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ГОСТИТЕ НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ“
Претставниците на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и од Словенија, коишто учествуваат на десеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“, имаа прием кај градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Во пријатна атмосфера, разменија впечатоци и мислења за самиот фестивал, на кој некои од нив учествуваат по петти пат. Притоа тие…