Последни вести

ЗАТВОРЕНА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ПЕТРОВДЕН 2022“

Овогодинешната програма за Петровден 2022 беше затворена синоќа, 14.07.2022 во Мултикултурниот центар Кочани со концертот на пијанистката Благица Арсова. Таа е пијанистка од Кочани, која има освоено многубројни државни и меѓународни награди. По завршувањето на студиите во Македонија, продолжува на конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст-Италија во класата на маестро Лука Трабуко и е пред дипломирање….

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРУШКА – АЈДАР И БРАНАТА РЕЧАНИ

При денешната теренска посета, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети ридско-планинските предели на Кочани, односно работните активности на локалниот пат Крушка – Ајдар и браната Речани. Целта на денешната посета беше увид во работите и напредокот во реализацијата на работите за изградба на втората фаза од локалниот пат Крушка – Ајдар во должина…

„ИСИ ЧЕШИНОВО 2022“ – СИЛЕН СТАРТ НА „КАРБИНЦИ“ И „СЛОГА ВИНИЦА“

Во средата и четвртокот  продолжија натпреварите на годинешните Илинденски Спортски Игри. Екипите на „Карбинци“ и „Слога Виница“ имаа успешен старт. Со играта што ја прикажаа двете екипи покажаа дека атакуваат на висок пласман на турнирот. Во средата екипата на „Карбинци“ го совлада „Облешево“ со 3:1, додека во четвртокот најпрвин „Слога Виница“ ја декласира екипата на…

НА 18 И 19 ЈУЛИ – ТРЕТМАН ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

Се известуваат граѓаните и институциите дека во понеделник, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ќе ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Ќе бидат опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Во вторник, 19.07.2022 година во раните…

ПО ВЕРБАЛНА РАСПРАВИЈА НАСТАНАЛА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА

На 13.07.2022 во 13.52 во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Бел Камен“ и ул.„1 –ви Мај“ во Кочани, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.Ј.(38), В.Ј.(42) и Б.Ј.(71), тројцата од Кочани, од една страна и Ж.А.(60), В.А.(47) и Б.С (32) вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Кочани, од друга…

КОЈ ТОА ОДЛУЧИ ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ ЗАД БИСТИТЕ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ?

Деновиве забрзано се работи на изградбата на јавни тоалети и тоа никаде на друго место туку до  Домот на културата „Бели Мугри“ и веднаш зад новата локација на бистите на борците од НОБ Љупчо Сантов и Раде Кратовче. Уште кога започна реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ (за одредени поединци е „Градски парк“) и сознанието дека…

ПОКАНА ЗА „OSOGOVO ADVENTURE 2022“

Ве покануваме на 5та по ред планинска велосипедска тура „Osogovo Adventure 2022“. Патеката е исклучиво off-road планински шумски пат во должина 36km со искачување на врвот Царев Врв со вкупна елевација од 950м. Старт е од СРЦ Пониква пред Осоговски Конак. По завршување на турата следува ручек и освежување во истиот. Стартниот пакет е 500…

ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ЗА „АУТО ВЕЛТ“

Вечерва на заградените терени во присуство на голем број љубители на фудбалот со одигрувањето на финалните натпревари и официјално се спушти завесата на годинешното 20. издание на „Петровденскиот фудбалски турнир 2022“. Пред одигрувањето на малото и големото финале се одигра меморијален фудбалски натпревар во знак на сеќавање на еден прерано згаснат живот, на нашиот сограѓанин…

СООПШТЕНИЕ НА ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

Почитувани сограѓани , Изборните лаги на ВМРО ДПМНЕ  на локално ниво од ден на ден се повеќе излегуваат на виделина . Имено ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Далибор Ангелов се веќе 9 месеци власт , а немаат почнато ниту еден од ветените проекти . Но, доколку ги ставиме розевите наочари што ги носи локалната власт на…

ОПШТИНА КОЧАНИ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ, МЕНТОРИ И УЧУЛИШТА

По повод Петровден – празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов им ги врачи наградите на најуспешните ученици и ментори и  на најнајградуваните училишта во учебната 2021/22 година. Првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани, Благоја Стојков (СОУ „Гошо Викентиев“); Теодора Санева (СОУ „Љупчо Сантов“); Давид Лазаров (ОУ „Свети…