Последни вести

ОТСТРАНЕТ СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ НА ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ ВО АТАРОТ НА ОРИЗАРИ, ВОДАТА ОД БРАНАТА „КАЛИМАНЦИ“ ЗАПРЕНА 24 ЧАСА

Десетина работници со опрема и механизација на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани беа ангажирани во изминатото деноноќие на отстранување на сериозен дефект на десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“. Поради огромниот воден притисок дошло до оштетување на механизмот за контрола на испустот, но со брзата интервенција спречени се поголеми загуби на вода и поплавување на…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 15. СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани на 15. редовна седница ја прифати Предлог-одлуката за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“. Со оваа одлука, Советот ѝ одобри на Општина Кочани да издвои 20 % од вкупната сума на проектот и да аплицира на…

КАМИОН НАТОВАРЕН СО ГАЈБА ПИЈАЛАЦИ НА ПЛАТОТО ПРЕД БЛОКОТ „А“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР

Се додека нешто не видиме не можеме да веруваме само на кажаното, но овој пат оваа фотографија кажува се. Направена е утринава во 08:15 часот на платото во Трговскиот Центар во блок „А“ веднаш спроти обложувалницата „Златна копачка“. На фотографијата јасно се не гледа неморалното однесување на поединци. Се гледа како го паркирал малиот камион…

СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНОТО ТЕРЕСТИЧКО И АВИО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Во текот на синоќешните и денешните рани утрински часови беа спроведени двете превентивни прскања и третирања за заштита од комарци. Синоќа, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Беа опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни…

БРАНКО БОГАТИНОВ, ГОДИНЕШНАТА АЛФА И ОМЕГА НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

Пред неполна седмица заврши годинешниот, дваесетти по ред  Петровденски фудбалски турнир. На крајот како и секогаш, прогласувањето на најдобрите, но и доделување признанија на сите оние кои помогнаа во неговата реализација. Иако прогласувањето на најуспешните и оние кои дадоа полн придонес во неговата реализација беа повеќе од заслужено, сепак сакале или не мора посебно признание…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ – БЕЗ ПОБЕДНИК НА ДУЕЛОТ НА ЕКИПИТЕ ОД ИСТА ОПШТИНА

Во текот на викендот се одиграа два натпревари од годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“. Најпрвин во саботата „Академија Чешиново-Облешево“ загуби од Соколарци со 1:3, а додека во неделата во натпревар на екипи од иста општина немаше победник. Натпреварот „Чешиново“ – „Облешево“ заврши 1:1. Натпреварите продолжуваат денес и утре. Понеделник: 18:00 часот  „Осогово“ – „Спанчево“…

ТРИДНЕВЕН БЕСПЛАТЕН „CODING BOOTCAMP“ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД КОЧАНИ

Локалниот младински Совет на Кочани се вклучи во поддршката на компанијата „Веником“ Кочани во организација на првиот бесплатен Coding Bootcamp – Кочани 2022, наменет за учениците од средните училишта од Кочани кои своето образование сакаат да го продолжат во ИТ индустријата. Истиот беше одржан во текот на петокот, саботата и неделата во Мултикултурниот центар, кадешто…

„OSOGOVO ADVENTURE“ ПО ПЕТТИ ПАТ

Во организација на МТБ „Исток“ и Спорт клуб „Електрика“ од Кочани, а подржано од Општина Кочани и неколку локални компании во текот на вчерашниот ден (Недела) на „Осоговските планини“ по петти пат се одржа сега веќе традиционалниот „Osogovo Adventure 2022“. На настанот зедоа учество околу 120 учесници од речиси сите градови во Македонија а пред…

ДВЕ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ КОЧАНЧАНЕЦ И МУ ГИ ОДЗЕЛЕ ПАРИТЕ

На 16.07.2022 во 21.38 часот В.К.(58) од Кочани пријавила дека околу 21.00 часот во Кочани нејзиниот брат М.К.(64) бил физички нападнат од две лица од кои едниот го познавал и му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

ПРОСТИОТ ШТО ЌЕ НАПРАВИ НИ ПЕТ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА НЕ МОЖАТ ДА ИСЧИСТАТ

Изминатиот период објавувајќи писма, записи, фотографии од нови и нови диви депонии, од нечисти улици, од расфрлан смет околу контејнерите имавме за цел да ги иритираме надлежните во општината за одржување на чистотата во градот се со цел да се веднаш реагира и она што претставува грда слика на Кочани да биде отстрането. Во текот…