Последни вести

РЕАКЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Учесниците во сообраќајот со реакција поради не обележената барикада од земја поставена на магистралниот пат Делчево-Штип. Како што не информираат поради градежни работи на тој потег за безбедност на работниците но не и на другите учесници во сообраќајот на самиот пат била истурена поголема количина земја а никаде пред тоа немало поставен знак, така да…

ТРЕТО МЕСТО ЗА ГЛИГОР МИШОВ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА ХРАНА НА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАЧИН

Нашиот сограѓанин Глигор Мишов го освои третото место на VI  по  ред Меѓународен натпревар во подготовка на храна на традиционален начин „Гулашијада – Јесеново 2022“. На натпреварувањето кое на 30 Јули оваа година се одржа во Јесенова близу Деспотовац (Република Србија) учествуваа 17 екипи од државите од Балканот: Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Македонија и…

СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот започнуваат натпреварите од годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига. На програмата се неколку интересни натпревари во кои фаворитите на хартија за највисок пласман во главно гостуваат. Во Македонска Каменица „рударите“ кои осетно се засилија во летниот преоден рок со доза на оптимизам ја пречекуваат екипата на „Беса“, додека…

ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ЕРАЗМУС + ПРОЕКТОТ СТЕ(А)М КИДС“

Здружението за поддршка на економскиот развој  – Локална акциона група – Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, денес во ресторан „Амор“ го одржаа завршниот настан за дисеминација на резултатите од проектот „Воспоставување на концепт на СТЕ(А)М училница во предучилишното образование“. Проектот е финансиран од ЕУ програма Еразмус +. На настанот присуствуваа заинтересирани локални претставници…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА РАЗБОЈНИШТВО

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 07.06.2022 тој со употреба на сила одзел пари од Д.М. и неговата сопруга од Кочани. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

КОЧАНЧАНЕЦ УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

На 18.08.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на бул.„Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Кочани и трицикл „томос“, управуван од Е.Р.(35) од Скопје. Во несреќата Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од…

ТРОТОАРИ ИМА НО ПОРАДИ ВИСОКАТА ТРЕВА НЕ СЕ КОРИСТАТ

Ова се фотографии од улицата „Кирил и Методиј“ направени зад „Општа Болница“ Кочани. Тротоари има но како да се користат кога се обраснати со трева па минувачите меѓу кои и дечиња мора да се движат по самата улица по која постојано поминуваат возила. Жителите ни кажаа дека овде одамна нема поминато ниту една од екипите…

ЌЕ СЕ УРЕДУВА ОКОЛИНАТА НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

Големината на еден клуб не е само составот, стручниот штаб и управата, големината е и во убаво уредениот терен, чистите трибини и околината околу стадионот. Со помош на Општина Кочани се започна процес за уредување на околината на стадионот „Никола Мантов„ Северната страна која беше обрасната со висока и густа трева веќе е минато. Во…

И ПОЧИНАТИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ВНИМАНИЕ

„После три години си дојдовме во родниот крај да ги посетиме најблиските, Пандемијата не спречи две години да не си доаѓаме а една година и обврските на работното место не дозволија да се видиме со најблиските. И како што обично бива решивме да ги посетиме и градските гробишта за да запалиме по една свеќа за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВРШНО АСФАЛТИРАЊЕ ОД ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА ДО НАДВОЗНИК КАЈ „ПРИМА“

Ве известуваме дека во периодот од 19.08.2022 до 21.08.2022 година ќе се изведува завршно асфалтирање на потег од Подлошка крстосница до надвозник „Прима“ на регионалниот пат Штип- Кочани. Согласно времената измена на режим на сообраќај при затварање на оваа делница од државен пат А3, сообраќајот привремено ќе се одвива по новоизградената девијација, по раскрсницата кај…