Последни вести
СЕ ВРАЌА ЛИ ГОРАН АНГЕЛОВ НА ЧЕЛО НА „СЛОГА 1934“?
Како што дознаваме,низ Виница на големо се зборува дека некогашниот градоначалник на Општина Виница и Претседател на „Слога“, Горан Ангелов се враќа на чело на второлигашот од Виница. „Слога 1934“ иако во изминатото првенство долго време се наоѓаше на челната позиција во Втора Фудбалска Лига – Исток, на крајот на првенството го заврши на третата…
СПРОВЕДЕН СИНОЌЕШНИОТ ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
Синоќа, 27 јуни 2022 година беше спроведена превентивната терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани. Од 19 ч. до 1 часот по полноќ се изврши прскање против комарци од земја на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третманот против комарци…
СВР ШТИП: С О О П Ш Т Е Н И Е
По настанувањето на последните значителнио повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат во голема мерка се зголемија и потецијалните оопасности за избувнување пожари и фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите Затоа, Секторот за внатрешни работи Штип, апелира до граѓаните од општините на подрачјето…
СВР ШТИП: С О О П Ш Т Е Н И Е
По повод претстојните земјоделски активности, сезоната за жетва , Секторот за внатрешни работи Штип, апелира до граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор. Од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со надлежните институции ќе се преземат превентивни…
ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ОДГОВОР НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ
Почитувани, Воопшто нема потреба да се одговара на политички субјект кој е одговорен за најголемата изолација на државата во последните три декади и кој освен лични дискредитации, воопшто не работи на конструктивни политики. Најголемиот театар кој го гледаат граѓаните моментално е оној во надворешната политика. Таму не сте ни ГЛУМЦИ, но обични статисти. Криејќи се…
МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ДРЖАВЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ВО ШАХ ДО 8 ГОДИНИ
Во организација на Шаховската Федерација на Македонија од 18-25. Јуни во Струга во Хотел „Дрим“ се одржа Државното младинско првенство на Македонија во шах за момчиња и девојчиња во категориите до 08, 10, 12, 14, 16 и 18 години. Гордоста на Кочани Матеј Диванисов и овој пат го покажа својот раскошен талент и ги оправда…
СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ (27.06.2022 ГОДИНА)
ОД РЕПЕРТОАРОТ НА ТЕАТАРОТ „ОК на ДПМНЕ КОЧАНИ“ Уште една неуспешно реализирана претстава, уште едно симнување на маските. Почитувани сограѓани, Веста дека директорот на „Водовод“, Иван Иванов, после шест месеци заминува од функцијата е пример за класичната дволичност на претставниците на ДПМНЕ. На 1 декември 2021 година, денот на неговото назначување, Иван Иванов изјави дека…
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПРИХОДИ ОД СОПСТВЕНИ ИЗВОРИ
Во текот на минатата недела на 22 јуни 2022 година, проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ги претстави успешните меѓународни и домашни практики за ефективно прибирање на општинските приходи од сопствени извори. Исто така беа презентирани предизвиците и препораките за подобрување на општинските приходи од сопствени извори и потребата од…
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 70 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ФРОСИНА“
На 28.06 во 20 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани ќе се одбележи јубилејот – 70 години од првиот македонски игран филм „Фросина“. Стручно излагање ќе има Сунчица Веселинова, виш филмолог. Ќе биде поставена и изложба на фотографии од филмот, како и изложба на дел од библиотечниот материјал на Кинотека на Северна Македонија. На 28.6…
„ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР 2022“ – ВТОР ДЕН, ДЕРБИ НАТПРЕВАРОТ ЗА „АУТО ВЕЛТ“
На вториот ден од годинешниот „Петровденски турнир 2022“ се одиграа три натпревари. Уште при одредувањето на двојките вниманието го привлекуваше натпреварот од групата „Б“ – „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ кој беше прогласен за еден од дерби натпреварите по групи. Самиот натпревар донесе добар фудбал во кој на крајот сосема заслужено славеа „автомобилистите“ со 3:1….