Последни вести

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ НА КОЧАНИ СО АМЕРИКАНСКАТА ОПШТИНА ЛАЈОНС

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска се сретна со Владимир Крстов, претставник на Општина Лајонс, Чикаго, САД, со кого разговараа за иницијативата за збратимување на двете општини. Со Крстов, кој по потекло е од Кочани, а живее и работи во Чикаго, првично ги разгледуваа можностите за соработка и спријателување на македонската со американската општина….

„ГЕПАРД“ ВИСТИНСКО ОСВЕЖУВАЊЕ НА КОЧАСКИОТ ПАЗАР

Она што многумина  подолг период зборуваа дека на Кочанскиот пазар му треба нешто ново, се појави кон средината на минатиот месец. Под мотото „Веднаш на вашиот праг“ почна да работи компанијата „Гепард“. Без разлика дали станува збор за вашите домашни или деловни потреби, Гепард врши секаков вид на достава – храна од ресторани, маркети, овошје…

ЗАПОЧНУВА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ПЕТРОВДЕН

Од вечерва, со поетско-музичкиот настан „Подобро општество за слепите лица во Кочани“, Општина Кочани го започнува одбележувањето на Петровден, празникот на градот. Централните настани се распоредени в четврток и петок, 11 и 12 јули. На 11 јули во 12:30 ч., градоначалникот Љупчо Папазов ќе одржи средба со најуспешните и наградуваните ученици од основните и средните…

БЛАГОДАРНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „БИСТРИ УМОВИ“ ЗА ПОТИКНУВАЊЕ И ПОДДРШКА НА ДЕВОЈЧИЊАТА ВО ИЗУЧУВАЊЕТО НА ИНФОРМАТИКАТА

Во знак на почитување на заложбите на Здружението „Бистри умови“ за поттикнување и поддршка на девојчињата во изучувањето на информатиката, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ѝ врачи благодарница на претседателката Анита Атанасова Грчев, организатор на Националниот летен камп за млади информатичари што се одржа минатата седмица на Пониква. – Сакаме да ја изразиме нашата…

ЌЕ ГО СПРЕЧИ ЛИ ОВА НЕКОЈ?

Жители од населбата кај филтер станицата ни испратија фотографии со допис во кој се вели: „Ова е моменталната состојба кај местото викано антени. Се горат гуми чии мирис ни смета на нас жителите кои живееме во непосредна близина а и чадот е доста опасен. Вака е речиси секоја вечер но никој не реагира. Овде во…

ИО „ЛАСТОВИЦА“ НА ЛЕТЕН КАМП „ОХРИД 2024“

Успешно завршен уште еден летен извиднички камп „Охрид 2024“. И овојпат на кампот присуствуваа и со многу активности учествуваа иизвидниците од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани. Кампот траеше од 1 до 7 јули. Откако беа сместени во шаторите,  извидниците започнаа со  активностите т.н. летни СИМски Олимписки игри, Спортските игри и Обуките на изучување на нови…

НА 10 ЈУЛИ ВО КОЧАНСКО – ВТОРО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

В среда, на 10 јули во вечерните часови (од 20 ч.), ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Во втората фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен…

СПРОВЕДЕНА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ

Викендов Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Одделението за внатрешни работи – Кочани спроведоа заедничка акција за превенција и заштита од шумски пожари. На граѓаните што патуваа кон Пониква и кон браната Гратче им делеа информативно-едукативен материјал – Прирачник за заштита и превенција од пожари…

„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

„Осогово“ стартуваше со подготовките пред претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига. Во саботата претпладне играчите на „Осогово“ предводени од Шефот на стручниот штаб Добримко Илиевски и неговите помошници го одработија првиот тренинг. Од клубот истакнуваат дека подготовките ќе бидат спроведени во Кочани а примарна  цел е обезбедување опстанок во лигата но не како минатата година…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕКИПАТА НА МАСИВ ДИЗАЈН УЧЕСНИК НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

По претходно усно предупредување кон организаторите дека доколку не се обезбедат основни услови (поправка на теренот и присуство на овластен доктор со медицинско возило за интервенции) за продолжување на Петровденскиот турнир во мал фудбал ние ќе ја повлечеме екипата од истиот. На првата утакмица која ја одигра екипата на Масив Дизајн нашиот играч се здоби…