Последни вести

ВО САБОТА МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ВО РАКОМЕТ

Во Сабота во салата на ООУ „Никола Карев“ на програмата е Меморијален натпревар во ракомет во чест на прерано починатиот ракометар Андреј Митев од село Облешево. Натпреварот е закажан за во 17:00 часот а на истиот ќе се сретнат екипите на РК „Младинец“ од Кочани и РК „Текстилец“ од Штип. Влезот е слободен. С.  Ивановски…

ЛИЦЕ ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА БИДЕЈЌИ ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО НИВА

На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната…

ПРИЈАВА ЗА НАПАД НА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

На 03.02 2025 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ј.(42) од Кочани пријавила дека на 01.02.2025 околу 01.30 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од М.Р. и Е.И., двете од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ …

СЕ УРЕДУВА СРЦ „БАВЧАЛУК“, ЗАСАДЕНИ НОВИ САДНИЦИ

Во рамките на реализацијата на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук, во кругот на Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ се засадени нови садници. Наредниов период ќе се продолжи со озеленување, чистење на обраснатата вегетација, реконструкција на постоечките пешачки патеки и уредување на просторот. Хортикултурното уредување и расчистување на површината на СРЦ „Бавчалук“ е учество на…

ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА, И ПОКРАЈ СИТЕ НАПИСИ СМЕТОТ НЕ СЕ СОБИРА

Група граѓани реагираат за  ненавременото собирање на сметот на Градскиот пазар како и на улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ . Како што истакнуваат нивните реакции што беа објавени кај нас од 20 и 21 Јануари не ги дале посакуваните резултати па сега се јавуваат со нов допис во кој се вели: „Здраво, пред извесно…

ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ЗА БОРАЧИТА НА „СПАРТАК“ НА „ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО У-23“

Кочани денес беше центар на борењето во Македонија. Имено во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“ денес во Кочани се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за момчиња и девојчиња У-23“. На првенството на кое се појавија 90 борачи екипата на „Спартак“ партиципираше со 4, кои по…

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА И ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на Кочани. Најпрвин во населбата „Драчевик“ во употреба ја пушти новата социјална зграда, трета по ред, при  што им ги предаде клучевите на некои од новите станари од зградата. Посетата беше искористена во употреба да биде пуштена и новата детска градинка, поточно новиот клон „Детелинка“…

ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА ДВАЈЦА СОПРУЖНИЦИ УПОТРЕБЕНИ И ТВРДИ ПРЕДМЕТИ

На 31.01.2025 во 15 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека во дворно место во Кочани, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца сопружници 39-годишна жена и 44-годишен маж, двајцата од Кочани, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО …

МАЛОЛЕТНИК ОД СЕЛО ТРКАЊЕ НАПАДНАТ ОД ДВА МАЛОЛЕТНИКА ВО КОЧАНИ

На 31.01.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Кочани, Г.Т.(46) од с.Тркање, кочанско пријавил дека околу 09.05 часот во Кочани, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. \Соопштение од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО САЛА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“ ПО 8. ПАТ

Во Сабота (01.02.2025 година) во Спортската сала на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари по 8-ми пат ќе се одржи традиционалниот фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“. Натпреварите започнуваат во 11:00 часот а право на настап имаат играчи родени 2011 година. Освен домаќинот „Академија Тошев“ на турнирот ќе земат учество и екипите на „Осогово“,…