За во Недела (17.10.2021 година се закажани „Локалните избори 2021“.
За еден од двајцата кандидати за градоначалник на Општина Кочани и за избор на 19 советници од поднесените 5 листи за советници со право на глас ќе можат да се произнесат 32.926 жители.
Денес веќе почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал.
Ден пред редовните „Локални избори 2021“ болните и изнемоштените лица, како и позитивните на Ковид 19 и лицата кои се на издржување затворска казна ќе го остварат своето право на глас.
Како што сме информирани во текот на денешниот ден (сабота) и на денот на изборите лицата што имаат поднесено барање ќе ги добијат своите лични карти.
С. Ивановски