На 28.06.2022 околу 21.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Бурилчево, кочанско, на место викано „Горна маала“, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил поголема површина, при што изгореле плевна и поголем број на пчелни семејства сопственост на Т.Ј и Д.Ј. од с.Бурилчево. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Кочани, Виница и Штип пожарот бил изгаснат.
Увид ќе се врши во текот на денот.
ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип