ВО СЕЛО ТРКАЊЕ ЌЕ СЕ ИЗУЧУВА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ПРИ ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

октомври 27, 2022
1 min read

Од денес учениците од с.Тркање ке изучуваат Англиски јазик во просториите на нашето подрачно училиште.

Просториите ги одобривме заедно со училишниот одбор заради намалување на трошоците на родителите за превоз и безбедноста на самите ученици, додека на дечињата им подаривме папки со тетратки за успешен почеток.

Сите семејства кои се корисници на Социјална помош и самохрани родители курсот по Англиски јазик ке биде бесплатен.

Со ова сакаме да ги стимулираме дечињата да инвестираат во своето знаење а ние ќе се обидеме да им бидеме подршка во тој процес.

Александар Андов

в.д. Директор  при

ООУ „Никола Карев“ – Кочани