За време на септемвриските празнувања; 7-ми Септември – денот на ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември – денот на независноста на Република Македонија на заградените терени во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одржи вториот по ред турнир во баскет „3Х3“. По тој повод организаторот на манифестацијата го испрати следното:
Соопштение
Втора година по ред во Кочани ќе се органзиираме турнир во баскет 3×3 . Кочани годинава добива турнир од светски карактер бидејќи овааа година целиот настан е лиценциран од Фиба „3×3“ . Зголеменит број на екипи ќе донесе поголема борба на теренот и подинамична игра. Нашата цел останува иста, односно да ја подигнеме спортската свест и иницијативата кај младите луѓе како и дружбата кај граѓаните, а најважно од се е турнирот да прерасне во традиција. Младите да го засакаат спортот и да бидат следните успешни генерации на нашето Кочани. Самиот настан ќе биде одржан во училишниот двор на ООУ„ Св. Кири и Метсодиј” и СОУ „Љупчо Сантов”, во периодот од 6-8 септември, денот на ослободувањето на Кочани и денот на независноста на Република Македонија. За трите најуспешни екипи има обезбедено паричен фонд во вкупен износ од 100.000,00 денари од кои за прво место 60.000,00 денари, за второ место 30.000,00 денари и за трето место 10.000,00 денари. Освен паричниот фонд ќе биде обезбедена и посебна награда за МВП (најкорисен играч) на турнирот. Котизацијата за учество на турнирот изнесува 2,000,00 денари од екипа а секој играч учесник на турнирот ќе добие соодветен пакет. Освен спортски настанот ќе има и културно- уметнички карактер со што истиот ќе биде проследен со музика, а посетителите на турнирот ќе можат да уживаат во битовите на повеќе ДЈ артисти. Настанот е поддржан од страна на Општина Кочани. Контакт за пријавување: 078-638-838
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ