Во Сабота, 14:0 часот е термин кој е резервиран за одигрување на натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
Во Кочани екипата на „Осогово“ го пречекува големиот должник „Тетекс“ од Тетово, од кого кочанчани беа поразени во бараж натпреварот 1:6 (0:3) и во второто коло во годинешното првенство 1:2 (1:1). Сега на потег се „жолто-сините“ бидејќи трите бода за нив се императив на овој натпревар. Според моменталното бодовно салдо „Осогово“ годинава ќе води голема битка за зачувување на второлигашкиот статус, па затоа и на секој натпревар особено на домашен терен „жетварите“ мора да играат за да победат. Така ќе биде во саботата, така ќе биде и до крајот на првенството.
Двојки за 17-тото коло:
„Осогово“ – „Тетекс“
„Караорман“ – „Охрид“
„Кожуф“ – „Вардар“ (Н)
„Детонит Плачковица“ – „Скопје“
„Каменица Саса“ – „Аресими“
„Новаци“ – „Пелистер“
„Беласица“ – „Беса“
„Победа“ – „Башкими“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ