За големиот јубилеј, 25 години постоење, Карате Клуб „Кочани“ се всели во нови простории кои се сместени до влезот на ЕВН, односно во некогашните простории на дисконт „Ки-Ки“ – Кочани.
Салата ги нуди сите оптимални услови за несметано работење, односно за спроведување на тренинзите, а има и помошна просторија (соблекувална) каде се чуваат сите потребни реквизити за тренинг која воедно е и еден вид гардероба на каратистите.
При нашата денешна посета наидовме на голема работна атмосфера, а како што ни рече тренерот на КК „Кочани“ Игор Каров, каратистите се подготвуваат за Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 кое ќе се одржи на 31 Август (Куп на Македонија) во Охрид, кое воедно ќе претставува виза за Светското (прво пласираниот) и Балканското (од прво до четврто место) првенство.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ