ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ „ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ“ НА ЕРАЗМУС ПЛУС

септември 14, 2022
1 min read

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус.

На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, која го изрази задоволството од реализацијата на  овој иновативен проект со кој и во наставата во училиштето ќе се имплементираат најсовремени технологии.

Според Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“, најновата технологија и развиениот иновативно-едукативен пристап за модерен и ефикасен наставен процес е усогласен со потребите и очекувањата на сегашните и на идните генерации ученици.

Реализираните активности од проектот ги претстави професорката Сања Божиновска, а беше презентиран и изработениот прирачник за наставници и  Документот за транснационално стратешко партнерство.