Заврши гласањето за избор на жетварска убавица, кое годинава прват се организираше електронски, со „допаѓање“ на фотографиите на кандидатките објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани.
Од седумте кандидатки, кои влегоа во изборот, во периодот од 19 до 22 септември, најмногу допаѓања доби Моника Миткова, со што таа е избрана за жетварска убавица за 2023 година.
Според бројот на „допаѓањата“, прва придружничка е Стефанија Соколова, а втора придружничка е Ивона Ефтимова.
Прогласувањето на жетварската убавица ќе се одржи в петок, на 29 септември во 20 ч., во Градскиот парк во Кочани, кога официјално ќе започне 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2023“.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ