ЖФК „Кочани“ продолжи да реди победи. И во третото коло забележа победа и сега со максимален број на бодови е на делба од првото до третото место.
Кочанчанки во ова коло со головите на Андреа Донева 4’37’42’, Симона Веселинова 52’, Ангела Стојменова 67’ и Глорија Стојмилова 73’ ја совладаа екипата на „Билјанини извори“ со 6:2 (3:1), стрелци за гостинската екипа се Тамара Лазесак 11’ и Ивана Николоска 77’.
Резултати од 3-тото коло:
„Кочани“ – „Билјанини извори“ 6:2
„Борец“ – „Вардар“ 0:10
„Атлетико“ – „Победа Валандово 16“ 9:0
„Плачковица“ – „Порече“ 4:1
Во следното коло „Кочани“ и гостува на екипата на „Бпорец“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ