ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРЕДНОСТА НА ОСУМ БОДОВИ

Во Спорт
април 9, 2023
1 минути

Во рамките на 17-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток, денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ по лизгав терен и време проследено на моменти со ситен дожд „Осогово“ го совлада најголемиот конкурент за највисок пласман „Овче Поле“ со резултат 2:0 (2:0).

Од самиот почеток играчите од двете екипи заиграа отворено но на моменти и остро а главниот судија Здравко Костовски од Штип ја толерираше таквата игра. Но кога виде дека играчите се почесто почнаа меѓусебно да се расправаат мораше да почне со доделувањето на жолти картони.

Резултатот беше откриен во 21’ од првата посериозна акција на домаќините. Домаќините беа во напад по десната страна, топката беше вратена на петнаесетина метри од гостинскиот гол а домашниот напаѓач Дарко Пешевски со прецизен удар го погоди десниот горен агол на немоќниот Дарко Димковски. Ве ќе 34’ домаќините го зголемија водството. Тоше Манов одлично го изведе слободниот удар гостинскиот голман за кратко интервенираше а на топката натрча домашниот играч Љубомир Ѓорѓиев и од само половина метар рутинирано ја спроведе во мрежата.

По примените два погодока гостите почнаа да играат подобро и до крајот на полувремето можеа да го намалат резултатот но шансата не ја искористија и на одмор заминаа со два гола негатива.

Во второто полувреме во главно игра меѓу двата шеснаесетника со само неколку обиди за загрозување на противничкиот гол. Сепак најдобриот момент се случи во последната минута гога домашните напаѓачи го погодија десниот дирек на противничкиот гол.

Се на се заслужена победа на „Осогово“ и зацврстување на чената позиција.

Резултати од 17-тото коло:

„Осогово“ – „Овче Поле“  2:0

„Малеш“ – „Брегалница сениори“  2:1

„Вардарски“ – „Академија Чешиново-Облешево“  3:0

„Тиверија“ – „Спартмани“  5:0

„Карбинци“ – „Рудар“  3:0

Слободна во ова коло беше екипата на „Дојранско езеро“

С.  Ивановски