Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната мајска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 23 крводарители од кои пет првократни и 6 млади дарители до 30 годишна возраст.
„Акцијата е осма крводарителска акција што се спроведува во календарската година, а петта во просториите на Црвен крст Кочани. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите крводарители кои денеска даруваа крв и спасија нечиј живот“, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Црвен Крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ