Сопственикот на компанијата „Го-ка Спорт“ Горан Петров вечерва ги зарадува фудбалерите од младинските погони на ФК „Осогово“.
Имено тој на тренерите Тоде Митев и Сашко Атанасов им предаде 10 топки за да можат дечињата да ги користат во тренажниот процес.
Инаку компанијата „Го-ка Спорт“ со вакви гестови на добра волја досега има зарадувано и други спортски здруженија од градот. Неодамна ги даруваше борачите на „Спартак“ со 30 шушкавци.
Гест за поздравување и почитување.
Малкумина стопанственици во градот го имаат срцето на Горан Петров.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ