Даријан Павлев и Павел Темелков членови на БК Спартак“ од Кочани ги освоија првите места на Меѓународниот турнир во борење – слободен стил „Победник 2023“ кој денес се одржа во Белград (Република Србија)
Во мошне силна конкуренција на борачи од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Словачка, повеќе клубови од Србија и екипите на „Спартак“, „Балканец“ и „Бучим“ од Македонија, Даријан Павлев во категоријата до 62 килограми и Павел Темелков во категорија до 68 килограми со одлични борби се искачија на победничкото место на пиедесталот.
Одличен организатор на турнирот беше Боречкиот Клуб „Победник“ од Белград со поддршка на Боречкиот Сојуз на Србија, градот Белград и Општина Палилула.
Паралелно со настапот на турнирот во Белград, друга експедиција на БК „Спартка“ составена од четири борачи учествуваше на Вториот Меморијален Меѓународен турнир во борење – слободен стил „Венцислав Полизиев“ кој во организација на Клубот во борење слободен стил „Беласица – Петрич 2021“ и Општина Петрич се одржа во Петрич (Република Бугарија).
На турнирот учествуваа 180 борачи од сите клубови во Бугарија како и „Спартак“, „Балканец“, „Шкупи“, „Лирија“ и „Олимпија“ од Македонија.
Од четворицата претставници на „Спартак“: Кристијан Илиев (38), Мартин Цветков (47), Јован Илиев (47) и Илија Иванов (53) единствената победа ја забележа Илија Иванов.
Освен четворицата борачи, во експедицијата на „Спартак“ беа тренерот Зоран Сребренов и судиите Игор Христов и Гоце Ангелов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ