ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: ДАЛИ ОВА Е АВТО ПЛАЦ ИЛИ БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР?

февруари 14, 2024
0 минути

Веке подолг период околу десетина нерегистрирани возила се паркирани на бесплатниот паркинг на ул.” Стево Теодосиевски” и заземаат простор.


На истата улица на самиот булевар доколку се паркирате следи казна од околу 50€.
Доколку најдете слободно паркинг место во градот за 1ч. се наплатува 20ден., во спротивно следи блокатор.
Сите знаеме колкав метеж е во градот и како тешко се наоѓа слободно паркинг место.


Кој дозволува веќе цела година овие нерегистрирани возила да се паркирани по 24 часа и зафаќаат простор?
За тоа постојат авто плацеви и се плаќаат давачки!
Некој си прави бизнис, некој си плаќа казни…

Група граѓани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ