ОДРЖАН ДЕТСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „МАЈСКИ ЦВЕТ“

мај 31, 2024
1 минути

Традицијата продолжува, 49. Детски поетски фестивал ,,Мајски цвет” на кој учесниците твореа на тема ,,Мојот роден крај”.

На фестивалот учествуваа 22 учесници во категорија од 6-9 одд. од Кочани, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево, Виница, Куманово, Св. Николе и Пробиштип.

Песните беа разгледани и отценети од тричлена жири комисија: Ленче Стоименова-роднокрајна писателка, поетеса, афористичар, Аника Илијевска Ѓорѓиева-роднокрајна авторка, поетеса, магистер по книжевност и Верица Паунова Дамеска-библиотекар.

Беа наградени учесниците во следните категории:

-Прва награда ,,Димитар Гогов”- Матеј Митев 6 одд. од ОУ ,,Крсте Петков Мисирков”-Оризари, за песната ,,Балада за мојот роден крај”;

-Две втори места за Андреј Донев 8-мо одд. ООУ ,,Никола Карев”- Кочани за песната ,,Мојот роден крај” и

Мелани Цонева 9-то одд. ООУ ,,Страшо Пинџур”-Соколарци, Чешиново-Облешево за песната ,,Тагува мојот роден крај”;

-Две трети места за Мелани Ангеловска 9-то одд. ООУ ,,Карпош”-Куманово за песната ,,Куманово” и

Симона Стојанова, 7-мо одд. ОУ ,,Синиша Стоилов”-Зрновци за песната ,,Мојот роден крај”;

-Специјална награда ,,Мајски цвет” за Јован Цветанов 6-то одд. ООУ ,,Никола Карев”-Кочани;

-Награда за најдобра интерпретација на Ива Богданова, 7-мо одд. ООУ ,,Славчо Стојменски”-Виница;

-Награда за литературен клуб на ЛК ,,Процвет”-Пробиштип;

-Награда за библиотека, на библиотеката при Дом за култура ,,Крсте Мисирков”-Св.Николе;

-Награда за училиште на ООУ ,,Славчо Стојменски”-Виница и

-Награда за ментор на Соња Митева.

Сите учесници добија благодарници за учество и почесена гостинка на фестивалот беше Милица Паулус, писателка и поетеса од која младите поети слушнаа многу корисни совети и мотивација за литературното творештво.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ