Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по доста топло време и тешки услови за игра се одигра 18-тиот Меморијален фудбалски турнир „Драганица Куп“ кој стартуваше во 2006 година а во чест на една од најголемите фудбалски легенди во „градот на оризот“ Драган Михајлов – Драганица.
На годинешниот турнир во категоријата „пионери“ родени 2007 година и помлади учествуваа екипите на „Осогово“ (Кочани), „Каменица Саса“ (Македонска Каменица), „Силекс“ (Кратово) и „Слога 1934“ (Виница).
Беа прикажани интересни и неизвесни натпревари на кои малкуте гледачи можеа да видат неколку поединци речиси во сите екипи кои доколку продолжат да работат за многу кратко време и ќе заиграат во сениорските состави.
Турнирот го отвори натпреварот „Каменица Саса“ – „Слога 1934“ кој заврши со резултат 2:1, откако уште во првото полувреме „рударите“ со два евро-голови обезбедија сигурно водство од 2:0.
И вториот натпревар донесе добар и преди се ефикасен фудбал помеѓу „Осогово“ и „Силекс“ во кој кратовчани славеа со 5:2 (2:2).
Натпреварot за трето месto ne se odigra, бидејќи екипата од Виница од само нејзини познати pri;ini веднаш по првиот натпревар кој заслужено го загуби го напушти турнирот, па така домаќините со службен резултат од 3:0 го освоија третото место.
Одличен фудбал можеше да се види на финалниот натпревар во кој екипата на „Силекс“ на крајот ја победи „Каменица Саса“ со 5:4 дури по изведувањето на пеналите, откако во регуларното време натпреварот заврши без победник 2:2 (1:2).
По завршување на турнирот беа прогласени најуспешните, на трите првопласирани екипи организаторите им врачија пехари и Дипломи.
Во поединечна конкуренција признанијата (дипломи и подароци) им беа врачени на:
Матеј Димков (Силекс) – за најдобар голман
Филип Глигоровски (Силекс) – најдобар стрелец
Александар Ивановски (Каменица Саса) – најдобар играч.
Пехарот за освоеното прво место на капитенот на „Силекс“ – Кратово Филип Глигоровски, му го врачи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов .
Организаторите на турнирот посебни признанија и подароци им врачија и на тројцата судии кои по ова мошне топло време добро је делеа фудбалската правда.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ