ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛЕВИЦА ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

октомври 11, 2024
1 минути

Денес Делегација на ЛЕВИЦА Кочани го чествуваат – Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ ,,11 Октомври “— државен празник на Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Нека ни е среќен празникот.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ