Во организација на Боречката Федерација на Република Северна Македонија (БФРСМ) и техничка организација на БК „Бучим“ денес во спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за сениори и сениорки“.
На првенството зедоа учество борачи и борачки од боречките клубови во Македонија, а БК „Спартак“ под водство на тренерскиот тандем Владо Соколов и Зоран Сребренов на првенството учествуваше со девет натпреварувачи.
Освоени се еден златен и еден сребрен медал, двајца борачи завршија на 5-тото место додека останатите се без пласман.
Марија Христова во категоријата до 55 килограми го освои златниот медал и ја понесе титулата Државен првак во женска конкуренција до 55 килограми, додека Горан Стоилов сеискачи на второто место на пиедесталот во категоријата до 86 килограми.
Илчо Веселинов и Леон Трајанов завршија на 5-тото место додека без пласман останаа: Дејан Митев (65), Ефтим Стоименов (65), Александар Павлев (74), Јаким Јакимов (125) и Мартин Кировски (125).
Екипно во женска конкуренција БК „Спартак“ го освои третото место.
Убавата приказна на возобновениот најтрофеен клуб во градот БК „Спартак“ продолжува.
Одиме понатака.
С. Ивановски