Скромно и достоинствено денес учениците и вработените од Основното училиште „Малина Попиванова“ од Кочани го прославија својот патрон празник.
Во знак на чествување на празникот училишниот оркестар приреди забавна програма на која освен дел од учениците и вработените присуствуваа и претставници од локалната самоуправа со Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, од подрачната единица на министерството за образование.
По завршување на забавниот дел од програмата, пред бистата на хероината Малина Попиванова беа положено букети свежо цвеќе.
С. Ивановски