Во пресрет на 20. Мај, „Денот на пожарникарите“, денес Територијалната Противпожарна Единица – Кочани во соработка со „Црвен Крст“ – Кочани спроведоа тактичко показна вежба во Компанијата „Амфенол Технолоџи“.
Целта на вежбата беше спасување на вработените по евентуалното избивање на пожар како и давањето прва помош на ранетите во пожарот.
На задоволство на присутните, и пожарникарите како и на волонтерите од „Црвен Крст“ покажаа дека секогаш се спремни да реагираат во вакви ситуации и да ги спасат најпрвин вработените а потоа и имотот.
С. Ивановски