ВТОРОЛИГАШОТ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПРЕСИЛЕН ЗА ПОДМЛАДЕНАТА ЕКИПА НА „ОСОГОВО“

Во Спорт
август 13, 2022
0 минути

Екипата на „Осогово“ продолжи со одигрувањето на контролните натпревар се со цел да се воигра новиот состави и што поспремни да ги дочекаат натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток.

„Жетварите“ денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја пречекаа екипата на „Каменица Саса“ која по се изгледа ја имаше генералката пред стартот на натпреварите во Втората Фудбалска Лига, секако доколку од ФФМ не се измисли некоја нова причина за пролонгирање.

Крајниот резултат од 4:1 (3:1) за „Каменица Саса“ е јасен показател за моменталната разлика во квалитет. Каменичани славеа но и домаќините, не беа во подредена улога, напротив играа отворено и создадоа неколку прилики за гол кои за жал поради неискуството на младите играчи не беа претворени во погодоци.

Сепак според она што го видовме долу на теренот „рударите“ спремни ќе ги дочекаат првенствените натпревари и повеќе од сигурно е дека ќе бидат стабилен второлигаш, додека кај домашниот состав има уште да се работи.

Стрелец на единствениот погодок за „Осогово“ беше Тоше Манов од пенал, додека головите за „Каменица Саса“ се дело на Ступиќ (2), Иванов и Николовски.

С. Ивановски