ОО на СДСМ, целосно неповикана, наместо да демантира и да ги негира наводите од прес конференцијата повторно, по којзнае кој пат излегува во јавноста со објава во која употребува низа клевети со што молскавично го достигнува дното, не само во поглед на политичката етика и стандарди, туку и во поглед на културата на говор.
Употребата на кованици и лаги од типот “кукузелски и маларичен” “ујдурма” “испарија” во текст кој е видно насочен кон лични дискредитации, навреди и ширење на ЛАГИ.
За интерес на јавноста, јавно ги демантирам изнесените лаги.
Во повеќе наврати лично барав од институциите заштита од напади на социјалните мрежи, ама бев информиран дека неможат ништо да сторат, па се прашувам како тоа од една страна имавме молскавично блокирање на профили и апсење на граѓани кои ширеле говор на омраза против Заев, а од друга страна имаме “недопирливи” профили над кои МВР сомнително нема никаква надлежност и тоа покрај бројните поплаки од граѓани.
Како тоа има црна “сајбер” кампања со која се омаловажуваа сите кои и згрешиле на хунтата на Заев, а никој неможе да ги спречи и покрај апсолутната власт на Заев и Оливер!
Дали истата таа е координирана токму од центри на партијата на власт?
Тоа што вие често ги споменувате и ги наметнувате, тоа што дозволувате непречено да функционираат, веќе јасно го водат трагот дека “кукузелскиот стил” на “сајбер насилството” е “ујдурма” на актуелната хунта на власт!(Објаснето со речник на ОО на СДСМ)
Ама тие двојни аршини ќе треба да им ги објасните на граѓаните час поскоро!
Толку за таа лага!
Кога станува збор за партиски митинзи и “ујдурма со превоз”, сакам да ја информирам јавноста дека сум избран за директор на 15.јуни.2017 година на јавен оглас за директор на кој целосно ги исполнувам условите.
Положен испит за директор!
Стаж во образование!
Положен BULATS, со највисоко C2 ниво!
Во мојата работа како директор имам распишано само ЕДЕН тендер за превоз и тоа во моментот кога сум избран и кога имам распишано тендер за превоз на ученици, премиер е Зоран Заев, министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски!
Тендерот е распишан со добиена писмена согласност на Биро за јавни набавки, а после мојата оставка по истиот продолжува да работи и новиот директор!
Позицијата директор ја напуштив на крајот на март 2018-та, а причините се наведени во писмената оставка доставена до вашиот кандидат.
Во моето извршување на функцијата не е одржан ниту еден циклус на избори за кои било кој во државата има патувано во автобус! Уште една лага!
Во моментот на моја оставка училиштето го оставив со 0 (нула) денари долг по било кој основ, со 1.150.000 денари на сопствена сметка и над 35.000€ на донаторска сметка за спроведување на проекти кои ги добивме со заеднички залагања на колегите и партнерите од странство!
Овие наводи се поткрепени со документ, слободно демантирајте дека не е така па се гледаме на суд!
Толку и за ова.
Знам дека паниката е голема и ве разбирам дека вашите надредени имаат што да изгубат па ве принудуваат на вакви некоректни и ниски испади на шиканирање на неистомисленици, впрочем тоа и беше мојот денешен прес, за жал само ги потврдивте страотните сомнежи на граѓаните!
Време е да создадеме нова иднина во која ќе нема политичари кои си играат со законите и играат “на се или ништо” со народот.
Со почит,
Миле Лефков
Пратеник во Собрание на Р.Македонија