По синоќешното најново изживуваме еве шанса да ги информираме големите „херои“ дека не успеале во се, остана уште една корпа за отпадоци.
Имено утринава на потегот на новата патека од последниот мост до Бавчалук е забележано ново лудување во ноќните часови. Три корпи за отпадоци се извадени од нивните лежишта и се фрлени во коритото на реката.
Но ние нема да критикуваме бидејќи очигледно е дека сме единка во општината која се грижи за општествените добра, само ја користиме можноста да ги информираме сите оние кои ги прават овие зулуми дека немаат „исчистено“ и уништено се до крај, останата е само уште дна корпа која се надеваме како тргнаа работите нема да го дочека утрешниот ден.
Па добро, има ли уште некој кој сака да се грижи за заедничките добра, има ли некој кој чесно ќе си ја заработи платата или и понатака се ќе остане само овде запишано.
С. Ивановски