ДРАГАН КОВАЧКИ, ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО ДПМНЕ СО ПОРАКА ДО КОЧАНЧАНИ
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ денес во Кочани одржа прес конференција. Како што истакна во Општина Кочани новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ планира да инвестира четири милиони евра, средства со кои ќе се збогати инфраструктурата во општината со изградба на нови градинки, улици а како што нагласи и ќе биде реконструирана…
„ЖЕТВАРИТЕ“ СО ЗАЈАЧКО СРЦЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Уште една лоша игра, уште еден лоѓ резултат за играчите на „Осогово“ на денешниот натпревар во Македонска Каменица. Пред натпреварот ветуваа борба и резултат со кој ќе запловат во мирни води, но со денешната игра „Осогово“ влезе во разбрането море кое може да го однесе на дното. Жолто сините започнаа агресивно но само по петнаесетина…
ЗАТВОРЕНА ФЕСТИВАЛСКАТА ПРОГРАМА ОД „МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КНИЖЕВНОСТА ЗА ДЕЦА“
Во текот на вчерашниот ден (Петок) во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани, ЈОУ библиотека ,,Искра” од Кочани го реализираше и последниот настан – „Средношколски парламент во библиотека“, во рамките на проектот по повод 2 април, Меѓународниот ден на книжевноста за деца. На истиот се дебатираше на тема ,,Предностите на читањето книга во печатена форма…
ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ПОВИК НА ЗАЕДНИЧКА ТРИБИНА
Почитувани сограѓани, Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и…
ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: ВО НЕДЕЛА ТРИБИНА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА
Во Недела, 7 Април со почеток во 20:00 часот во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова ќе одржи Трибина под мотото: „Македонија повторно горда!“ КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА „ЖЕТВАРИТЕ“ ПАТУВААТ ПО ТРИТЕ БОДА
Во Сабота на програмата се натпреварите од 23 коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ патува во Македонска Каменица каде го игра еден од позначајните натпревари во првенството. Натпреварот е од големо значење за двете екипи. Победата за домаќините е императив, што е шанса за „жетварите“ да одиграат добар натпревар и да дојдат до трите бода…
ОУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 122 години од раѓањето на македонската револуционерка и 39 години од основањето на училиштето. По тој повод градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, членови на Советот на Општината, училишни и партиски делегации, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор. Директорот…
ПОРАДИ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА
На 04.04.2024 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 61 – годишната В.Б. и Б.Б.(65), двајцата од Кочани, затоа што околу 17.10 часот агресивно се однесувале и ги спречувале полициските службеници при извршување на службените дејствија. По целосно комплетирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение од…
ОД ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8. АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
Општина Кочани во соработка со граѓански организации ја подготви програмата за одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. По повод празникот, в понеделник, ќе биде подигнато ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, а градоначалникот Љупчо Папазов организира прием на претставници од ромскиот невладин сектор и соработници кои даваат континуирана поддршка во актуализирањето…
СО ЖДРЕБУВАЊЕ – ОПРЕДЕЛЕН РАСПОРЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ
Денеска во Општина Кочани се одржа ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати за претстојните претседателски и парламентарни избори, без надоместок. Од пријавените четири организатори на изборната кампања, учествуваа тројца. Раководителот на Одделението за правни и општи работи во Општина Кочани, Венцо Бојков ја образложи Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување…