ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА ВОЗАЧИ КОИ НЕ ПОСЕДУВАЛЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
На 22.04.2026 во 10:20 часот на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.Д.(45) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена проверка, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка…
ПРОМОЦИЈА НА „ОПЕАНИ СПОМЕНИ“ ОД БЛАШКА СТОЈКОВА
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се одржа промоција на делото „Опеани спомени“ чиј автор е Блашка Стојкова. Преубави стихови, пријатни музички нумери и прекрасна и позитивна атмосфера беше дел од промоцијаѕа. Заслужни за дружењето при промоцијата на делото беа авторката Блашка Стојкова, промоторот Ленче Стоименова, прекрасните ученици кои презентираа стихови и секако,…
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД СЛАВИЦА ЦВЕТКОВА
Промовирано најновото дело од роднокрајната авторка Славица Цветкова, монографијата ,,Учесници во народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 од Кочани и кочанско”. Токму во пресрет на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, Библиотеката, но и Кочани се збогатија со уште еден труд, дело на исцрпна и вредна истражувачка работа, кое ќе остави…
ОД „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ: ВО ПРИЛЕП НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА
Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 26-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ гостува во Прилеп и важи како голем фаворит на овој натпревар, но не треба да се влезе опуштено во игра бидејќи секој противник си има свои квалитети и лесно може оној кој предвреме ги „прокнижил“…
„BALLET MAGNIFICAT“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
По одржаниот хуманитарен балетски концерт на американската трупа „Ballet Magnificat“, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, посветен на настраданите од трагичниот пожар на 16 март 2025 година, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за младите уметници од Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети впечатоци од балетската претстава, прва во кочанскиот Центар за култура. Градоначалникот Грозданов…
БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ГО ОДБЕЛЕЖА 23 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКОТО ПРАВО
Денеска, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. На настанот, библиотекарот Благој Рашков ја прочита националната порака по повод празникот, годинава напишана од Иван Шопов, во која се истакнува трајната вредност на книгата како извор на инспирација и простор за дијалог. Директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова…
НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“
Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова, Николија Ивановска, Јонус…
ОБЈЕКТИТЕ НА „ПОНИКВА“ И ЧЕТВРТИ ДЕН БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Објектите на „Пониква“ и по четири дена се без напојување со електрична енергија. Сопствениците и на угостителските и на викенд кукичките реагирале до надлежните служби но од таму само ветувања дека проблемот ќе биде решен, но засега ништо од решавањето на истиот. Угостителите а и некои сопственици престојуваат и преку ден и навечер во објектите,…
ПУЛСИРАЊЕ ВО РИТАМОТ НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА „ГОЛЕМИ НАСМЕВКИ ЗА ГОЛЕМИ ПОЧЕТОЦИ“
Денес во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани училиштето пулсираше во ритамот на идните првачиња. Настанот беше исполнет со радост, игра и креативни активности, преку кои најмладите имаа можност да го направат своето прво запознавање со училишната средина. Преку бои, музика и дружење, децата ги создадоа своите први училишни пријателства и добија впечаток дека…
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА „BALLET MAGNIFICAT“
Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на хуманитарниот концерт за помош на жртвите од пожарот во Кочани на „Ballet Magnificat“ од Канада, во организација на Love Kocani. По одржаните концерти во МКЦ Скопје на 17 април и во НУ ЦК „ Ацо Шопов“ Штип на 20 април, завршниот концерт…
