All Posts By Славчо Ивановски

„СПОДЕЛИ РАДОСТ“ – ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО КОЧАНИ

Во пресрет на најголемиот христијански празник, под мотото „Сподели радост“, денеска во Градскиот парк се одржа претпразнична програма и Велигденски базар. На Велигденскиот базар учествуваа учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“, кои продаваа свои изработки и собраа 42.000 денари, средства што ќе бидат наменети за детските содржини од Велигденскиот хепенинг. Пред…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ – БЕТОНИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“

Деновиве завршуваат градежните активности за бетонирање на крак од улицата „Четврта македонска бригада“. Станува збор за обновување на бетонскиот слој којшто беше раскопан од комунални интервенции и од пороите во невремето што се случи во јули минатата година. Кракот е долг 34 м, а широк 3,5 метри. Градежните работи се реализираа од ГО „Калина“ –…

УРЕДУВАЊЕ НА ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Во корелација со Општина Кочани, КЈП „Водовод“ со неговата оператива од  Секторот градско зеленило интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот според предвидениот план и програма. Денес се коси трева на просторот во централното градско подрачје. Вработени од Секторот градско зеленило интензивно работат на уредување  на речното корито и тревните површини околу…

КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ПРИ ОК ВМРО ДПМНЕ – ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ЛАГИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ

Изминативе денови сме сведоци на зачестени посети на Кочанскиот регион од страна на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство, како и премиерот на најкорумпираната влада на СДСМ и ДУИ. И сето тоа би било во ред ако нивната заинтересираност за кочанскиот ориз ја споделеа со земјоделците и оризопроизводителите, а не скришно само да се прошетат…

ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ – ЛАГИТЕ НА СКАПИОТ ПР КОВАЧЕВСКИ

Почитувани, Лицемерие и хипокризија е она што го видовме вчера од страна на ,,избраниот” премиер Димитар Ковачевски. Тој зборуваше и се фалеше без тронка срам за сите пропусти, лоши политики и национални предавства. Г-не Ковачески, што останува кога една една личност ќе го изгуби елементарното чувство за срам? Зошто не кажете јавно дека покачената минимална…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ СО ПРОЕКТ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА „МУЗИЧКИ БАЛКАНСКИ ВОЗ ЗА МИР“

Во периодот од 5 до 7 април 2023 година, во градот Пазарџик, Р.Бугарија, беше организиран првиот партнерски состанок на проектот „Музички балкански воз за мир“ од Еразмус+ програмата. Прв ЕРАЗМУС проект за ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. Партнери во овој проект се НВО и училишта од РСМакедонија, Бугарија и Грција и тоа: ООМУ Ристо Јуруков Кочани…

ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ОД ОРИЗАРИ ОРГАНИЗИРАШЕ ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР

Учениците и родителите навистина се потрудија да имаат богати штандови со интересни и креативни велигденски украси и колачиња по повод најголемиот христијански празник Велигден. Сите изработки беа продадени на базарот, а собраните средства од сите училишта ќе бидат наменети повторно за учениците, но овој пат за гостување на глумците од детската емисија “Дајте музика” кое…

СООПШТЕНИЕ ОД ОО СДСМ ЗРНОВЦИ

Почитувани, Праксата на не почитување на институциите од страна на директорите од редовите на Дпмне во Општина Зрновци продолжува со исто темпо како и во минатото. Во работно време без ни малку почит кон децата, директорките на детската градинка и училиштето како и секретарот на училиштето послушно стоеја пред нивниот партиски лидер ни самите не…

НОВИ НАСАДИ ВО РАЗДЕЛНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА УЛИЦИТЕ „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ И „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Во рамките на пролетната акција за озеленување на јавните површини во Кочани, деновиве се засадени нови 1.000 садници – нискостеблести растенија и грмушки. Озеленувањето е реализирано на улиците „Тодосија Паунов“, на потегот од Автобуската станица до „Жито ориз“ и на „Стево Теодосиевски“ од Двојниот мост до Стришани. Наредниов период, според временските услови, хортикултурно ќе се…

ПРЕТПРАЗНИЧНА ВЕЛИГДЕНСКА ПРОГРАМА И БАЗАР

В четврток, на 13 април, со почеток во 10:45 ч., во Градскиот парк, основните и средните училишта од Кочани, под мотото „Сподели радост“, со пригодна претпразнична програма и Велигденски базар ќе дадат придонес во одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден. На Велигденскиот базар учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ ќе…