All Posts By Славчо Ивановски

ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ОТВОРЕНА СОБА ЗА РОДИТЕЛИ

Денес во нашето училиште ја отворивме Собата за родители во која родителите на нашите ученици ќе имаат свој простор за разговор со секој наставник од кого имаат потреба и тоа во свое катче каде ќе можат да разговараат за сите потреби на своите дечиња. Собата е направена со средствата собрани од Новогодишниот базар. „ООУ,,Никола Карев”-Кочани“…

А П Е Л

Општина  Кочани упатува апел до сите заинтересирани фирми да се вклучат финансиски во збогатување на културно-уметничката програма по повод велигденските празнувања под мотото „Сподели радост. Оваа година Општина Кочани за прв пат во соработка со бизнис секторот овозможува поинакво одбележување на претстојните Велигденски празнувања под мотото „Сподели радост“. Одбележувањето ќе се случи во Градскиот парк…

УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ „ВКЛУЧИ ГИ СИТЕ“ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВИЦИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Учесници во проектот „Вклучи ги сите“, што се реализира со Центарот за развој на заедницата „Светла иднина“ од Кочани, како партнерска организација, во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“, остварија средба со претставници на Општина Кочани, со кои дискутира за активности за вмрежување на сите јавни институции во унапредувањето на инклузијата во образовните системи. Главна цел…

ПРИ ПРОВЕРКА НА БАНКНОТИ ОД 100 АВСТРАЛИСКИ ДОЛАРИ ОТКРИЕНО ДЕКА НЕКОИ БИЛЕ ЛАЖНИ

На 09.03.2023 во 12.03 часот во СВР Штип било пријавено дека во менувачница во Кочани, М.К.(56) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево, за проверка донел повеќе банкноти од 100 австралиски долари, при што вработениот се посомневал дека пет од банкнотите се лажни. Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле банкнотите, а со М.К. бил извршен службен…

ПРОЛЕТНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА „ОСОГОВО“ ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА

Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Осогово“ го игра првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната откако во првото пролетно коло беше слободен поради напуштањето на лигата на „Победа“ од Валандово. Гости на „жетварите“ ќе имбиде незгодната екипа на „Малеш“…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО МЕЧ ТОПКА ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА

За време на викендот се играат натпреварите од 14-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Во сабота на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 11:00 часот се игра дербито на дното во кое кочанчанки, некогашните Шампиони и победници во Купот ја имаат првата меч топка за зачувување на прволигашкиот статус. Минатогодишниот шампион…

ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ПОВТОРНО БУДНА

Фотографиите што ги добивме се направени денес (Петок) во 08:30 часот на кои јасно се гледа како Градската депонија чади, а тој чад го дишат жителите на Кочани и околните места. Од КЈП „Водовод“ во чија надлежност е депонијата по се изгледа немаат никаков интерес да ја згаснат. Ако не знаат како а има начин,…

СО ПОДИГНАТИ 200 КИЛОГРАМИ ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ ПРВ НА СВЕТСКИОТ КУП ВО ХУРГАДА (ЕГИПЕТ)

Во конкуренција на 600 натпреварувачи од целиот свет кои се натпреваруваат во различни категории, доцна синоќа Лазар Захариев го освои првото место на „Светскиот Куп 2023“ што се одржува во Хургада (Египет). Захариев се натпреваруваше во категоријата бенч прес Мастерс, тежина 1 – 110 килограми и со подигнати 200 килограми стана прв во својата категорија….

УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ СО ЛИЧНИ РАКОТВОРБИ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА

„Биди единствена, биди храбра, биди своја, биди жена…“ е пораката со која денес во „Паркот на Револуцијата“ ученици од ООУ „Никола Карев“ од Кочани на припадничките на понежниот пол им го честитаа 8-март, Меѓународниот ден на жената. За таа цел денес на платото во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, учениците од ООУ „Никола Карев“ од…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПОДАРИ ЦРТЕЖ ВО ЗАМЕНА ЗА ЦВЕЌЕ“

Денес на платото пред НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани а по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената беше отворена изложбата „Подари цртеж во замена за цвеќе“. 32 уметнички дела изработени во најразлични техники но преди се во акварел се дела на младите уметници, ученици од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“…