ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ГО ОДБЕЛЕЖА 29-ТИ НОЕМВРИ
Членовите на Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани, достојни на традицијата која со години ја негуваат прославија уште еден голем празник, денес на достоинствен начин го прославија 29-ти Ноември. Пред 79 години во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Јосип Броз Тито од говорницата меѓу другото кажа…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ДАДЕ ОТЧЕТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ
Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите по повод една година од мандатот. За реализираните проекти во текот на изминатата година заедно со градоначалникот говореа и секретарот на Општина Кочани, раководителот на Секторот на уредување и располагање со градежно земјиште и раководителот на Одделението…
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 21. СЕДНИЦА
Советот на Општина Кочани ја одржа 21. седница на чиј предлог-дневен ред се најдоа две точки. Со 18 гласа „за“, Советот донесе заклучок за прифаќање на решението за запирање на објавувањето на Одлуката за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8 и Телевизија Кочани – ЛД. По гласањето, на предлог на претседателот…
ДВЕ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ ЗА ЕКИПИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ
Три екипи на кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ ги одиграа натпреварите во изминатиот викенд. Забележани се две победи и еден пораз. Во категорија М-12 за девојчиња „Баскет Дино Деликатес“ одигра натпревар против „МВП Скопје“ на гостински терен и забележа победа 40:21 (11:06; 10:02; 10:07; 09:06) Кошевите за екипата од Кочани ги постигнаа: Манова 17, Фудулска…
Д Е М А Н Т
СВР Штип- ОВР Кочани најостро ги демантира лагите изнесени на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и ја известува јавноста дека при поднесувањето на кривичната пријава против директор на училиште е постапено во координација со надлежен јавен обвинител и со судија од Основен суд Кочани, при што е испочитувана целата законска процедура. Затоа, апелираме…
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ПО ПОВОД 3 ДЕКЕМВРИ – ПРОДАЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ
По повод 3 декември, денот на лицата со попреченост, се организира хуманитарна акција преку продажба на уметнички слики. Достапните слики за продажба се наоѓаат на следниот линк заедно со цените, а сите заинтересирани кои сакаат да помогнат преку вклучување во акцијата да ги контактираат ЛМС – Кочани во инбокс со избраната уметничка слика за резервација….
ПРЕДАВАЊЕ И ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ
По повод Месецот на машкото здравје, Општина Кочани и Ротари клубот Кочани-Виница организираа настан со кој ја актуализираа потребата за грижата за здравјето на мажите. Во петокот, во салата на Мултикултурниот центар се одржа кратко предавање од д-р Дарко Иванов, психијатар во Центарот за ментално здравје во Кочани, кој истакна дека расте бројот на психичките растројства…
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ
Почитувана јавност, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ. Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза,…
ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-КОЧАНИ НАСКОРО ВО УПОТРЕБА
Премиерот Ковачевски, по извршениот увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани, истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација. Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани,…
МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА
По повеќе години пауза, денес малата експедиција на младите борачи на БК „Спартак“ од Кочани учествуваа на еден меѓународен турнир. Денес во организација на Боречкиот клуб за слободен стил „Пирин“ од Гоце Делчев (Бугарија) беше организиран Меѓународниот турнир во борење „Неврокоп“. Во конкуренција на голем број борачи од Македонија, Грција, Романија, Турција и Бугарија БК…