ОДИГРАНО ПРВОТО КОЛО ВО ОПШТИНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – КОЧАНИ
Изминатите три дена се одиграа натпреварите од првото коло од годинешното првенство во Општинска Фудбалска Лига – Кочани. На трите одиграни натпревари постигнати се 20 погодоци или во просек 6,67 што е една одлична ефикасност. Натпреварот во Долни Подлог помеѓу „Задругар ИМ“ и „Младост Тошев“ не даде победник додека на преостанатите две средби домаќините забележаа…
ПСК „ОСОГОВО“ ОРГАНИЗИРАШЕ ЕДУКАТИВНА ПРОШЕТКА ЗА ДЕЦАТА ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ – КОЧАНИ
Прекрасна едукативна прошетка од страна на ПСК „Осогово“ – Кочани беше организирана за децата од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани. На локалитетот „Бавчалук“ децата беа запознаени со планинарството како спорт, неговите огромни придобивки за здравјето и духот на децата, но и со основните вештини за преживување во природа, ситуација во која може да се наjде…
КОЧАНИ БЕШЕ ДОМАЌИН НА 52. ДРЖАВЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ФИЛМ НА МАКЕДОНИЈА
Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Златна плакета во категоријата документарен филм и Златна плакета за монтажа доби филмот „Трпејца“ на авторот Томе Љушев од Охрид; Златна плакета за краток…
ГО ИМА ЛИ НЕКОЈ ОДГОВОРОТ „КАДЕ СЕ ИСФРЛА ШУТОТ ОД ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДТОЦЕНТРАЛАТА“?
Работите за изградба на мини хидроцентрала на „Мала река“ се во поодмината фаза. Најпрвин се исекоа дрвата во целата околина, почна уривањето на дел од ридот, се пробиваше пат низ природните убавини, се забрани проток на луѓе низ тој пат, и сето тоа помина без ниту една реакција од еколошки друштва, рибарско друштво, АД Водостопанство…
ПРОЕКТ: „АЦО ШОПОВ – ВЕЧЕН ПОЕТ ВО ГРАДОТ ПОД ИСАРОТ“
Денес, 24 октомври (вторник) 2023 г. во 13 ч. и 30 м., во Месецот на книгата, во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира проектот „Ацо Шопов – вечен поет во градот под Исарот“. Проектот е подржан од Министерството за култура и е организиран по повод 100…
ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШНО ГО ЗАВРШИ ТРИАТЛОНОТ „IRONMAN 70,3“ ШТО СЕ ОДРЖА ВО ГРЦИЈА
Даниел Илиев постигна уште еден голем успех. Имено тој во текот на вчерашниот ден успешно го заврши триатлонот „Ironman 70,3“ што се одржа во Грција. Триатлонот беше со вкупна должина 113 километри од кои 1,9 километар пливање, 90 километри велосипед и 21,1 километар трчање. По успешно завршениот триатлон Илиев на својот профил објави: Зошто тај…
ПОСТАВЕН ДЕВЕТМЕТАРСКИ СВЕТ КРСТ КАЈ ПАРАКЛИСОТ „СВ. ДИМИТРИЈ“ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО
Деветметарски свет крст е поставен во околината на параклисот „Св. Димитриј“ во населбата Трајаново Трло во Кочани во чест на годишнината од поставувањето на камен – темелникот за изградба на црковниот храм во кочанската населба. Изработката и поставувањето на светиот крст е донација од членови на Доброволноото – противпижарно друштво – Кочани и истиот во…
ВРОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ ПРВИ ЈА ЗАТРЕСОА МРЕЖАТА НА ЛИДЕРОТ „АТЛЕТИКО“
Се одиграа натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Во Кочани, лидерот на таблата „Атлетико“ без поголеми проблеми славеше против домашното „Кочани“ со резултат 10:1 (7:1). Предводени од одличната Милица Димитриоска Мелиса гостите покажаа дека освен „Вардар“ немаат друг конкурент во овој ранг на натпреварување. Единствена сатисфакција на кочаначанки е што во…
РЕАКЦИЈА – ДА СЕ ИСПРАВАТ ГРЕШКИТЕ ОД ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО „БЕЛСКО МААЛО“
Група жители кои живеат во непосредна близина на детското игралиште во „Белско маало“ апелираат до надлежните да ги отстранат недостатоците кои биле констатирани а на што тие реагирале уште при правењето на детското игралиште. „Игралиштето е во ред што го направија бидејќи дечињата има каде да си играат и да се релаксираат. Но постои еден…
ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
По повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев, како и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот…