УТРЕ (САБОТА) „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА „КАМЕНИЦА САСА“
Во Сабота и Недела се играат натпреварите од Втора Фудбалска Лига. Сите натпревари се закажани за во Недела, освен натпреварот во Кочани кој ќе се игра утре (Сабота) со почеток во 14:00 часот. По петте едно по друго порази „жетварите“ влегоа во победничка серија и на последните два натпревари остварија две победи. Дека се очекува…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО ВЕЛЕС ДУЕЛ НА НЕКОГАШНИТЕ ШАМПИОНИ
Во сабота и Недела на програмата се натпреварите од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Во Велес е дуелот на некогашните шампиони. Натпреварот во кој благи фаворити се кочанчанки треба да донесе интересен фудбал бидејќи и „Борец“ и „Кочани“ иако имаат многу млади екипи во кои девојчињата тежнеат кон докажување. Кочанчанки во трите…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ – ОДЛУКА ЗА ВТОРО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КОЧАНСКИ ПАНАЃУР
Во согласност со одобрението бр.03-1700/2 од 21.09.2023 год. (наш бр. 03-311/2 од 22.09.2023 год.) издадено од Општина Кочани за користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-341/4 од 06.10.2023 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување на нова почетна цена за јавно наддавање за организирање на…
ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА СТАНИЦАТА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ ВО МОЈАНЦИ
По повод одбележувањето на роденденот и 75-годишнината од основањето на Градежниот факултет во Скопје, актуелни и пензионирани професори, асистенти и студенти, заедно со деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, денеска ја посетија Станицата за третман на отпадни води во Мојанци. Пречистителната станица во Мојанци претставува еден од поновите капитални проекти во кои Градежниот…
ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ ВО КОЧАНИ
Како дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, Цивил – Центар за слобода, во соработка со Општина Кочани организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“. Во присуство на претставнички и претставници на здруженија, локални институции, на бизнис-секторот, политички партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани, се дебатираше за актуелните…
ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДВА КРАКА ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО ОРИЗАРИ
Во Оризари заврши асфалтирањето на два крака од улицата „АСНОМ“, во вкупна должина од 360 м. Градежните работи опфатија и поставување на атмосферска канализација на дел од улицата. Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за реконструкција на краците од улицата „АСНОМ“ се наменети 2.936.056 денари, средства од општинскиот буџет. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ …
ПРВАЧИЊАТА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ СВЕЧЕНО ПРИМЕНИ ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
По повод „Светската недела на детето“ денес во организација на Општина Кочани а во соработка со основните училишта во општината, на платото пред НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше организиран свечен прием за учениците од првите одделенија од петте основни училишта во Детската организација. Најпрвин учениците од првите одделенија како и сите присутните во…
ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ – КОЧАНИ СО РЕАКЦИЈА ДО ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“
Почитувани наши сограѓани, почитувани организатори на годинешната манифестација „Денови на Кочанскиот ориз“. Ние како здружение упатуваме голема забелешка на непочитувањето на имињата на улиците и објектите кои се дел од историјата на Македонскиот народ. За што станува збор. Имено ја прочитавме поканата која организаторите на манифестацијата ја имаат испратено до одредени медиуми и згрозени сме…
ПОЗНАТА ФИРМАТА КОЈА ЌЕ ГИ ЗАЛОВУВА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ
Друштво за услуги Ветеринарна станица Дооел Виница како најповолен понудувач со најниска понудена цена е избран во иднина да ги извршува шинтерските услуги на територијата на Општина Кочани. На тендерот за најповолен понудувач за извршување на шинтерските услуги на територијата на општина Кочани кој беше распишан од страна на КЈП „Кочани“ понуда имаа доставено две…
НА 6.ОКТОМВРИ НОВ ПРОТЕСТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПОЗАДИ „БЕЛИ МУГРИ“
Иницијативниот одбор на пензионерите во променет состав, кои протестираат поради ниските пензии, и бараат линеарно зголемување, сега веќе од 5.000 денари и определување минимална пензија од најмалку 20.000 денари, најави нов протестен собир за петок, 06. Октомври, во 17 часот. Протестот ќе се одржи во паркот позади ЦК „Бели Мугри“, а пред присутните ќе се…