ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НЕКОЛКУ КАНАЛИЗАЦИСКИ КРАЦИ ВО ОРИЗАРИ
Започна реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари. По спроведената постапка за јавна набавка, потпишан е договор со изведувачот „КОП инженеринг“ и во тек е изградбата на делови од канализацијата на улицата „Маршал Тито“ во Оризари. Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот…
ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „МУЗИЧКИ БАЛКАНСКИ ВОЗ ЗА МИР“
Во рамки на проектот „Музички балкански воз за мир“ поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата, во кое партнер е и ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, се реализираа: – Прва краткотрајна обука на партнер – тимовите во рамки на проектот (26 – 31.08.2023 година во Кочани) и – Втора средба на партнерите од транснационалниот проект (07 – 09.09.2023 година…
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ ПО 32. ПАТ
Од 29 септември до 1 октомври, Општина Кочани ја организира 32. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Програмата опфаќа петнаесетина содржини од културно-уметнички, стопански и забавен карактер. Манифестацијата ќе започне со уличен театар и огнено шоу од Театарската група Fireter, кога со крунисување на жетварската убавица официјално ќе биде отворена манифестацијата. Годинава, за првпат изборот на…
УРЕДУВАЊЕ НА РЕКА МАСАЛНИЦА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ОРИЗАРИ
Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација. Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за продолжување на кејската улица од десната страна по течението…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПО ДВЕ ПОБЕДИ ЗА ДОМАЌИНИТЕ И ГОСТИТЕ
Со одигрувањето на четирите натпревари, денес и официјално стартуваше новото првенство во трета Фудбалска Лига – Исток. Уште на стартот стана јасно дека годинешното првенство ќе биде доста интересно и неизвесно особено за освојување на првото место. Во четирите натпревари колку што беа на програмата, по две победи извојуваа домашните и гостинските екипи. Во Берово…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СТАРТУВАА СО ПОБЕДА
Со натпреварите од првото коло започна годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ која како домаќин го играше натпреварот во Виница со сигурна игра особено во првото полувреме ја совладаа екипата на „Порече“ со 5:1 (4:0). Головите за кочанчанки ги постигнаа Андреа Донева 11’, 30’, 44’ и Глорија Стојмилова 21’, 52,…
СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Во пресрет на 16. Септември – Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), КЈП “Водовод” Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од чиста животната средина. Вработени од сектор Градско зеленило во акцијата се вклучија со сопствена механизација при што вршеа…
ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО ОД КОЧАНИ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ВТОРИ РОДЕНДЕН
Со натпреварувања и културно-забавна програма ДПД (Доброволното Противпожарно Друштво) од Кочани го прослави својот втори роденден. Во натпреварувачкиот дел Доброволните противпожарни друштва „Сашо Гешовски“ (Кавадарци), „Саса“ (Македонска Каменица), „Петроварадин“ (Нови Сад – Република Србија) и Марчана“ (Република Хрватска) се натпреваруваа на три локации и четири полигони. Учениците од петите одделенија од основните училишта од Општините:…
„ОСОГОВО“ КАКО БУРЕ БЕЗ ДНО
Ова не е случајност, ова веќе станува пракса, на кого и да му затребат бодови ќе си го чека натпреварот со „Осогово“ и било да го игра дома или на страна трите бода на контото му се сигурни. Така беше изминатите четири кола, така продолжи и во петтото коло во кое „жетварите“ го забележаа и…
ПРОДОЛЖУВААТ ВТОРОЛИГАШКИТЕ ВОЗБУДУВАЊА
По една недела пауза поради настапите на Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство, веќе утре (Сабота) продолжуваат фудбалските возбудувања во Втора Фудбалска Лига. На програмата се натпреварите од петтото коло во кое вниманието на кочанската фудбалска јавност е свртено кон натпреварот „Осогово“- „Охрид“. Кочанскиот второлигаш лошо ја започна сезоната, на четирите натпревари забележани…