ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ СЕ НАШИТЕ СПОРТСКИ ХЕРОИ
Најубавата спортска вест која што одамна ја немаме добиено денес пристигна од Малешевијата. Пингпонгарите на „Кочани“ во бараж натпревар за влез во Супер Пингпонгарската Лига на Македонија денес во Берово ја совладаа екипата на „Радовиш“ со 4:2 и од денес се новите супер лигаши. Тројцата величествени од Кочани, Славко Ефремов, Сашко Тодосиев и Зоран Христов…
ДЕРБИТО НЕ ДАДЕ ПОБЕДНИК, ДАЛИ НАТПРЕВАРОТ Е ТАКА ДОГОВОРЕН?
Интересен статус сподели еден мој голем пријател инаку еден од повеќемината борци за чиста животна средина не само во Кочани, туку и пошироко. Клипот кој го сподели имаше коментар: „Градско дерби, кое повеќе граѓани на Кочани ќе отрови!!! Пајпер Мил против Градска депоника“. Како овој дерби натпревар беше финале и не даде победник според пропозициите…
ПРОЕКТОТ „ЗЕЛЕН ЕРАЗМУС+“ ОДРЖАН ВО САНДАНСКИ (БУГАРИЈА)
Професор Драги Рашков во перидот 18-20 мај беше дел од трансграничен семинар ,,Зелен Еразмус+” кој се оддржа во Сандански Р. Бугарија. Настанот беше организиран од Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Р.С. Македонија и Р. Бугарија како дел од меморандумот за соработка помеѓу двете Национални агенции. На настанот приссутвуваа организации и образовни…
„ПИЈАНО ТРИО“ ОДРЖА КОНЦЕРТ ВО КОЧАНИ
Синоќа, составот „Пијано трио“ одржа концерт во салата на Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани. Тројцата академски музичари Диана Мирчевска (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Иван Трајковски (пијано) изведоа дела од Дмитриј Шостакович и Астор Пјацола. На публиката ѝ беше претставена помалку познатата, нежна страна на Шостакович со „Петте дела за две виолини и…
КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИ НА ФФМ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ГФК „ОСОГОВО“ КАКО НЕБЛАГОВРЕМЕНА
Петочлената Комисија за натпревари на ФФМ на својата седница одржана на ден 17.05.2022 година ја разгледа жалбата на ГФК „Осогово“ од Кочани која е уредно таксирана и е заверена под бројот 15-1218/2 од 16.05.2022 година и донесе: Одлука „Жалбата на ГФК „Осогово“ од Кочани бр.15-1218/1 од 16.05.2022 година, СЕ ОДБИВА како неблаговремена. Разгледувајќи ги сите…
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Во присуство на гости и пензионирани пожарникари, Територијалната противпожарна едница – Кочани го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарите во Македонија. Единицата ја поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој го истакна задоволството што Кочани има пожарникарски состав што умее професионално да одговори на задачите и да се справи со предизвиците. На церемонијата Градоначалникот Љупчо Папазов ги…
ТППЕ – КОЧАНИ И ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СПРОВЕДОА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО „АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ“
Во пресрет на 20. Мај, „Денот на пожарникарите“, денес Територијалната Противпожарна Единица – Кочани во соработка со „Црвен Крст“ – Кочани спроведоа тактичко показна вежба во Компанијата „Амфенол Технолоџи“. Целта на вежбата беше спасување на вработените по евентуалното избивање на пожар како и давањето прва помош на ранетите во пожарот. На задоволство на присутните, и…
ЗАБАВАТА, НАСМЕВКИТЕ И ДРУЖЕЊЕТО Е ПОБЕДНИКОТ НА НАТПРЕВАРОТ „УЧЕНИЦИ – ПРОФЕСОРИ“.
Во организација на Младинската организација „Единство“ и Интеракт Клуб Кочани-Виница во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа традиционалниот забавен натпревар „Ученици – Професори“. Организаторите се погрижија да има забава за секого, освен кошаркарскиот натпревар „Ученици – Професори“ беше организирано и соборување со рака во машка и женска конкуренција, а да забавата биде…
„УЧИ, ИСТРАЖИ И ИСКУСИ СО ЕРАЗМУС+ И NEXT GENERATION“
Караванот за промоција на младински размени "Учи, истражи и искуси" на невладината организација Next Generation денес оддржа презентација во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. Целта на овој настан е запознавање на учениците и младите со целите на Еразмус+ програмата, презентирање на проектите и активностите на невладината организација Next Generation, како до полесно аплицирање за проекти,…
ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД НЕЗАШТИТЕНИТЕ ПРЕСЕЧЕНИ КАБЛИ?
Интересни фотографии се направени денес на левиот кеј на „Кочанска река“ од мостот кај „Шопинг центарот“ па се до мостот кај „Паркот на Револуцијата“. Старите канделабри кои беа поставени на овој потег се извадени, каблите кои пренесуваа електрична енергија се пресечени но не се изолирани. Граѓаните со право прашуваат, дали има проток на електрична енергија…