All Posts By Славчо Ивановски

УТРЕ (ЧЕТВРТОК) ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПАТУВАЊЕ“

Утре, 28 декември 2023 година, во 18 часот,  во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“, во големата сала на Мултикултурниот центар ќе се реализира промоцијата на поетската збирка „Патување“ од авторот Драги Трајчев. Промотор на книгата ќе биде м-р Аника Илијевска-Ѓорѓиева. ЈОУБ  „Искра“  – Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ – ОРИЗАРИ, НОВОГОДИШЕН БАЗАР

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година. Во холот  на училиштето но и во училишниот двор се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки. Преку…

КОЧАНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ОРГАНИЗИРААТ ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани, в петок, на 29 декември, во 12 ч. во Градскиот парк во Кочани организираат предновогодишен настан за најмладите сограѓани. Целта на настанот е со забава на најмалите да им се приближи пожарникарството како професија и од рана возраст да се стекнуваат навики за првенција,…

НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – ОБЈЕКТ „ЅВЕЗДИЧКИ“

Првиот работен ден од оваа седмица (25 ти Декември) во просториите на, ДГ „Павлина Велјанова“ – објект,, Ѕвездички” беше организиран „Новогодишен Базар“, традиционално втора година по ред.   На штандови беа изложени новогодишни изработки од страна на вработените и дечињата од градинката. За прв пат беа, застапени и штандови со храна во знакот на Новодишните…

ОДРЖАН СПОРТСКО-МУЗИЧКИ НАСТАН ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

Фудбалскиот репрезентативец Јован Манев – гостин на ОУ „Никола Карев“ – Кочани Во пресрет на новогодишните празници, ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше спортско-музички настан на кој гостуваше поранешниот ученик, сегашен фудбалски репрезентативец Јован Манев. Присуството на фудбалерот Манев предизвика голем интерес во јавноста, која ја наполни Спортската сала „Никола Карев“, па учениците и публиката…

ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ „ВОЗИ ОДГОВОРНО, ПАТУВАЈ БЕЗБЕДНО“

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со ОВР Кочани и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, под мотото ,,Вози одговорно, патувај безбедно“, ја започна новогодишната кампања за среќна и безбедна 2024 година. Учениците од сообраќајната струка, заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани, делеа летоци со едукативна содржина,…

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА, ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „КАДЕ Е ДЕДО МРАЗ?“

Пред многубројната публика во Градскиот парк, вработените во објектот „Цветови“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани, вчера ја прикажаа претставата за деца „Каде е Дедо Мраз?“. Најмладата публика се радуваше на ликовите од преставата и заедно со нив пееше популарни новогодишни и божиќни песни. До 14 јануари, Градскиот парк во Кочани е место каде…

ОДРЖАН ПРВИОТ ОД СЕРИЈАТА ТРИ НОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Денеска напладне, во Градскиот парк во Кочани, ОМУ „Ристо Јуруков“ го прикажа Новогодишниот концерт. Училишните хорови, во придружба на наставниците Дејан Стојанов, Зоран Христов и Љупчо Ѓорѓијев настапија со познати новогодишни теми. Хоровите ги подготвија наставниците Виктор Постолов и Љупчо Ѓорѓијев. Диригент е проф. м-р Марија Лазарова. Претпразнично, публиката ќе може да проследи уште две…

НОВОГОДИШНО ДЕФИЛЕ НИЗ КОЧАНСКИТЕ УЛИЦИ „ДЕДО МРАЗ НА ТРКАЛА„

Двата мото клуба од Кочани „Strong riders“ и  „Желки“, по повод  Новогодишните празници, во Сабота (30 Декември)  организираат дружење со најмладите. Најпрвин членови од двата мото клуба облечени во облека на „Дедо мраз“ со своите мотори ќе продефилираат низ Кочанските улици а како крајна дестинација ќе им биде „Паркот на Револуцијата“. Сите заинтересирани дечиња, на…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Следните три дена (Вторник, Среда и Четврток) кочанчани ќе ја имаат можноста за ново предновогодишно музичко уживање со учениците и вработените од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани На ред се трите новогодишни концерти: Вторник и Среда од 12:00 часот а четврток од 17:00 часот. Место на настанот е „Паркот на Револуцијата“. Па време е за…